7 старомодни љубовни навики кои треба да ги вратиме во мода

Постојат неколку старомодни начини на кои нашите родители (или нивните родители) се запознавале со потенцијалните партнери.

7-staromodni-ljubovni_naviki-koi-treba-da-gi-vratime-vo-moda-01.jpg

Денес овие начини можеби изгледаат застарено но, жените сè уште се импресионираат од овие мали гестови.

Ова се 7 старомодни љубовни гестови кои треба да ги вратиме во употреба:

Земање од пред врата

Потребна е само една минута да се излезе од автомобилот и се отиде до вратата на вашата партнерка. Иако се рабoти за едноставен гест, може да направи голема разлика, бидејќи вашиот партнер ќе се чувствува посебно и важно.


Облекување за состанокот

Кога одите на состанок со потенцијалниот партнер, обидете се да носите убава и чиста облека. Ќе ги импресионирате луѓето околу вас, а исто така, ќе се чувствувате добро и посакувано. Вашиот изглед кажува многу за вашата личност.


Мали подароци или цвеќе

Се работи за внимание, а и начин на покажување на наклонетост. Секогаш е убаво со мали гестови да покажувате дека се грижите. Никогаш не одете со празни раце.


Не очекувајте секс

Доколку некој флертува со вас или навистина ви се допаѓа, тоа не значи дека веднаш треба да имате секс. Почитувајте ги луѓето околу вас.


Без мобилни телефони

Треба да научите да комуницирате со луѓето кои седат пред вас. Го имате целото време на светот да ги користите вашите мобилни телефони кога ќе бидете сами. Освен што покажува дека некој не ви е важен, односно интересен, уште е и безобразно.


Бидете јасни околу вашиот однос

Луѓето често се срамежливи кога станува збор за поставување на прашањето: дали сме официјален пар? Луѓето можат да се сфатат погрешно или да бидат повредени доколку не се разбираат меѓусебно.


Бидете пристојни

Кога сте на состанок со некој, бидете пристојни и третирајте ги сите учтиво. Бидете учтиви и со вработените во ресторанот во кој седите, бидејќи поради нивните напори вечерата ќе ја поминете убаво.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...

Најчитани неделава