Расплакани повици, шпионирање: 5 работи кои не смеете да ги правите ако ве остави девојката

Мажите често знаат на прв поглед да изгледаат како недопирливи, но по раскинувањето работите знаат значително да се променат.

rasplakani-povici-shpiuniranje-5-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-ako-ve-ostavi-devojkata-01.jpg

Секое раскинување е тешко, но некои знаат да бидат потешки, посебно ако врската била подолга, па често и мажите знаат да се однесуваат невообичаено.

Во секој случај, постојат неколку работи кои никако не смеете да ги правите:

1. „Расплакани“ повици

Емотивните повици кон бившата кои звучат како да ви се срушил целиот живот тешко ќе успеат да ја вратат назад вашата избраничка. Ништо не е толку демотиварачки како недостатокот на самодоверба.


2. Шпионирање на социјалните мрежи

Гледањето на нејзините фотографии нема да ви помогне да ја преболите, туку поверојатно е дека ќе морате да се соочите со некои нови емоции.

Многу девојки, по прекинот на врската, често на социјалните мрежи објавуваат фотографии за да покажат како лудо се забавуваат по прекинувањето на врската со вас.


3. Криење на емоциите

Не ги воздржувајте емоциите и не глумете „опасен фраер“ кој не сака да зборува за своите емоции. Побарајте утеха и поддршка кај пријателите.


4. Барате совет од било кого

Не барајте совети од првата личност која ќе ја сретнете и ќе ве праша како сте. Советите може да ви се чинат како добри, но треба да ги прифатите со доза на скептицизам.


5. Се навраќате на спомените

Секако дека имате голем број на сеќавања од врската и „сувенири“ од истата, но тие нема да ви помогнат да ја преболите бившата, ниту да заборавите на неа.

Би можело да ве интересира:

11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...

Најчитани неделава