Еве ме, таму каде што сакав, ама без него

Амбцијата ја убива љубовта. Не верував многу во ова, сè додека не го почувствував тоа на своја кожа...

eve-tamu-kade-shto-sakav-ama-bez-nego-01.jpg

Со него имав сè. Врска каква што секој би посакал. Многу љубов, разбирање, почит, доверба, сето тоа спакувано со многу страст.

После три романтични, страсни, магични години, почна да ме јаде црвот. Сакав да станам подобра верзија од себе. Да почнам нешто ново. Таква сум, што да правам. Непланирано се менувам, трагам по нови предизвици, подготвена секогаш да започнам од нула.

Ги споделив со него моите планови. Сакав да заминам во странство на стручно усовршување. Сакав да направам нешто со себе.

За првпат отатко бев со него, не ја добив неговата поддршка. Ми рече: „или јас или твојата кариера“. Бев лута, гневна, болна, очајна.

Сите емоции ми беа конфузни. Не знаев дали го сакам или го мразам.

Ја одбрав кариерата.

И ете ме, таму каде што сакав да бидам, ама без него. Со кариера, ама без љубов. И тоа боли неописливо многу!

Сега се сеќавам на минатото и сфаќам дека, ако бев малку потрпелива и порационална, ќе постапев поинаку.

Затоа што работата не е засекогаш, ама љубовта е!

Затоа што банкраската сметка не те гушка за да ти биде поубаво на душата.

Затоа што автомобилот никогаш нема да ти се насмевне!

M. K. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава