Љубов со модринки

Човековиот ум е навистина чуден феномен, бидејќи во моменти кога треба да размислува најлогично, го прави сосема спротивното, понесен од разни побуди, а кога треба да биде обземен од релаксирачки мисли тој решава тешки проблеми.

ljubov-so-sinici-01

Но, што кога разумот кажува едно, а срцето нешто сосема друго и се среќааваат на две различни страни на нелогичноста?

Утрото додека одев на факултет, во автобусот на седиштето зад мене седеа две жени, едната беше повозрасна можев да забележам, а другата беше некаде на моја возраст, можеби и малку помлада. Ништо чудно за типични патници во автобус. Но, она што ми го привлече вниманието беше нервозата која ја ширеше едната жена и постојано тапкаше со нозетe, дури за момент почувствував дека таа нервоза ми се пренесува на мене.

Другата девојка која седеше до неа, беше црвена во очите и слеп би забележал дека плачела сè додека солзите не и пресушиле. Ништо не реков, никако не изреагирав, седев мирно и гледав од толку мисли да не си ја промашам станицата.

Надвор беше ладно, во спротивно би одел пешки, сакам да бидам релаксиран, некако гужвата во автобусот ми создаваше тензија. Некое грдо чувство кое ми се провлекуваше преку целиот ден. Секој различен, секој со проблемите, а јас секогаш се пронаоѓав во нечија мака. Така беше и овојпат, кога тие зад мене почнаа да ја рушат утринската хармонија.

„Мамо да си одиме, јас не сакам да го направам тоа, зарем не разбираш, јас него го сакам“ - рече девојката низ солзи.

„Ти реков утрово сто пати, ќе ти речам сега уште сто пати, ќе одиш пред мене, макар и да треба со сила, јас ќе ти ја земам раката и ќе потпишеш тужба против тој неранимајко!” 

Отпрво, не разбрав што се случува, само ми пречеше буката која ми го наруши мирот. Но, жената ме потапка по рамото и на мое изненадување ја отвори душата, на вториот кат на автобусот во осум часот сабајле каде бевме само јас и тие две.

„Оваа овде е ќерка ми, заљубената, од толку што е заљубена е заслепена. Погледни ја, погледни и ги рацете, погледни и ги нозете, погледни и го лицето” - жената кажуваше бесно, со тежина во душата, со болка која ја притискаше.

„Ја гледав, ја чував, за што, за кого, за некој си никој што мисли дека таа е најдена на улица. Погледни каква љубов има, љубов со модринки. Ја парчоса, ја здроби, секој шамар и корне кожа од лицето и пушта крв од носот. Но, не и доаѓа умот, заљубена била, како таа да знае на шеснаесет години што е љубов. Но, јас сум крива што прикивав од татко ѝ.

Ми велеше не е тој таков, со мене е поинаков, јас ќе го сменам, ќе се смени, за мене, ме сака... Глупости во кои само сакаше да верува, а сто пати ja предупредив дека волкот влакното можеби ќе го смени, ама кожата таа е. Ѝ го скрати детството, на тие години по болници, по доктори, да се плашам што ќе биде со неа. Неколку пати го спречив татко и да направи глупост, да не настане циркус со кој ќе ни се смеат сите, па на една мака да имаме уште една мака. Ете така да знаеш дечко, ќерка ми верува во љубов, ама љубов со модринки, затоа сега ќе оди со мене да го тужи тој кој и ги нанесе, сакала-неќела.”

Јас ја гледав збунето и не знаев што да речам, девојката ја зари глата во земја и пушти уште некоја солза. Жената ја грабна за рака и се симнаа две станици пред мене.

Дента наместо да размислувам за тоа како процесорот е поврзан со рам меморијата, јас размислував за љубовта со модринки на 16-годишната девојка. И се прашував, зарем е можно срцето и разумот да се толку контрадикторни?

Зошто постојано трчаме во прегратките на она што не повредува, обидувајќи се да смениме нешто што е непроменливо?

Не знам како не разбрираме дека студеното срце, останува студено, без разлика колкава количина на топлина ќе се донесе, тоа не се менува.

Зарем вреди нашите чувства, нашата личност, нашиот живот да го посветиме за да бидеме замрзнати од една таква студена, мрачна душа која сака да веруваме во љубов која не постои, љубов која нè заслепува, која прави она што е сосема погрешно да го прифатиме за наше секојдневие, една љубов, љубов со модринки како онаа на девојката од автобусот? 

Ќе бидеме ли способни да ги отвориме очите пред да биде предоцна?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава