Кобна средба? Или можеби не...

Се сретнавме. Се сретнавме после сето она што го доживеавме во оние 5 години што се знаевме. И тогаш сѐ се врати, како будење од када полна со вода и дишење повторно.

kobna-sredba-ili-mozhebi-ne-901.jpg

Сѐ се врати со таа прегратка и тоа 5-минутно вртење во воздухот. Мирисајќи ја неговата јакна, дишејќи во неговата остра брада... се врати, но само на миг. Потоа сè повторно исчезна.

Тој повторно стана кретенот што ме остави на автобуска станица, а јас повторно станав студената кралица.

Но, само на миг се врати бакнежот пред возот, караницата на дождот, повиците во 4 часот наутро од типот „само сакав да те чујам“. Кој би рекол дека можеш толку многу да искусиш во само 5 минути, во само една прегратка?!

А таа прегратка, само на миг ме асоцира на дома. Дека само таму се чувствувам најсигурно, иако сите несигурности тој ги предизвика.

Дека без разлика колку се караме, мразиме, на крајот од денот имавме нешто посебно и барем еднаш, барем еден ден, ние се сакавме и двајцата го знаевме тоа. А, тој еден ден, можеби беше доволен. Можеби требаше да се задоволам со тоа, можеби требаше да ми биде доволно.

Можеби тој грешеше. Можеби тој никогаш не си дозволи да чувствува нешто кон мене. Можеби двајцата зафркнавме.

Но, што и да било тоа е во минатото и таму треба да остане. Ние како ние треба да останеме во минатото, а јас како јас и тој како тој можеме да комуницираме. Ако ништо друго, учиме како правилно да го правиме тоа.

Можеби еден ден ќе се смириме –јас ќе престанам да барам толку многу, а тој можеби ќе почне да кажува што чувствува. Но тоа се одлуки од иднината за кои не решавам јас.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава