Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Оној за кој ќе се венчаш...

Тој е оној кој те држи за рака во темната киносала, дури и по многуте години како сте ги поминале во гледање на филмови заедно.

onoj-za-koj-kje-se-vencash-01.jpg

Кога има страшен или романтичен дел, успева да ја пронајде твојата рака меѓу седиштата, малку да ги допре твоите прсти или силно да ти ја зграпчи целата рака.

Знае дека најдобриот дел од филмот не е самиот филм, туку времето кое ќе го помине со тебе.

Ретко кога може да ја сокрие тајната кога ти подготвува некакво изненадување и низ очите можеш да откриеш дека е возбуден од самата идеја дека ќе те направи среќна.

Обожава да ги планира важните прилики и пригоди или едноставно да се појави на твојата врата со твоето омилено јадење.

Самиот факт што излегува од дома два часа пред состанокот, за да го пронајде омиленото вино и најдобрата скара, онаква каква што ја сакаш, треба да ти каже многу.

Момчето со кое ќе се венчаш не е најзгодното, најсмешното, најсилното или најпаметното. Но, за тебе е најдобриот во сите овие категории.

И одеднаш, додека го гледаш како ужива во шише пиво и малку чипс, додека го гледа своето омилено шоу или серија или натпревар, ќе ти биде неверојатно секси и шармантно.

Затоа што тоа сака да го прави.

Неговите глупави шеги навистина ќе успеат да те насмевнат.

Неговата плата можеби не е највисоката, но знаеш дека секогаш ќе биде тука покрај тебе во, а нема да минува часови и часови на работа само за да имате нешто повеќе на сметката.

Не е совршениот, но за тебе е совршен онаков каков што е.

Со него сè е повозбудливо. Сè ќе добие поинакво, ново значење. Дури и пазарењето до најблискиот супермаркет и прошетката низ маалото кое досега си го видела над милион пати.

Момчето со кое ќе се венчаш ќе прави да се чувствуваш како дома. Ќе знаеш дека умее да се погрижи за тебе. Ќе те држи во прегратка.

И да, можеби некогаш ќе се расправате, но никогаш, ниту во секунда, нема да се посомневаш во причините зошто си со него.

Оној со кој ќе се венчаш ќе биде дел од тимот, твојот најдобар пријател. Омилен пријател.

Тој ќе биде оној со кој сакаш да се дружиш, да пиеше, да бидеш искрена и да се смееш.

До крајот на животот. До крајот на сите времиња.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога ќе се омажиш, веднаш се закопуваш“, ми кажа татко ми - но мене бракот ми го разубави животот „За едно сум посебно благодарна - што татко ми со своите приказни сепак ме научи...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
14 потсетници за сингл жените, во пресрет на Денот на вљубените Кога сте сингл, можете целосно да си се посветите на себе – искористете го ова. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg