Вистинската причина поради која мажите изневеруваат

Психотерапевтот Гери Њуман смета дека ја пронашол главната причина поради која мажите ги изневеруваат своите партнерки. А, според него, машката прељуба нема врска со сексот или со физичката привлечност кон друга жена, а ако има, тогаш станува за навистина мал удел.

istrazuvanje-pronajdena-vistinskata-pricina-poradi-koja-mazite-izneveruvaat-01

Еве која е основната причина за неверство според него:

Њуман спровел анкета на 200 прељубници и дошол до несекојдневен заклучок – врз основа на собраните податоци тој цврсто верува дека главната причина за неверство е емотивната неисполнетост.

Исто така, врз основа на ова сознание, тој заклучил дека припадниците на машкиот пол се почувствителни отколку што сметаме. Едноставно ако не добијат доволно емотивно внимание во моменталната врска, тие ќе го побараат на друго место.

Според собраните податоци, 48% од мажите своето неверство го оправдуваат како емотивно незадоволство, додека 40% од нив тоа задоволство се обиделе да го компензираат на работното место поради фактот што колешките се склони да им даваат комплименти за нивните успеси.

Њуман истакнува дека физичката привлечност игра улога во неверството, но таа не е толку голема колку што изгледа на прв поглед. Според овие податоци дури 88% од мажите ја изневерувале партнерката со помалку атрактивна жена. 

Уште еден важен фактор во одлуката дали да се препуштат на неверство е искуството на пријателите. Поточно кажано, доколку мажот е опкружен со луѓе кои имаат искуство со вонбрачни активности, тогаш верниот маж најверојатно и самиот ќе се препушти на забрането дружење.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава