Како може да се заљубиме, а сепак да бидеме неверни? 7 љубовни прашања на кои сѐ уште немаме одговор

Љубовта е убава, но чудна. Толку чудна, што постојат некои нејзини аспекти што ни самата наука не може да ги објасни. Токму затоа постојано имаме прашања на кои нема одговор.

kako-moze-da-se-zaljubime-a-sepak-da-bideme-neverni-7-ljubovni-prashanja-na-koi-se-ushte-nemame-odgovor-002.jpg

Ова се само дел од најчестите:

1. Зошто се заљубуваме во личноста во која сме се вљубиле?

Може да создадете цела листа на тема што сакате кај вашето момче/девојка. Но, дури и да знаете зошто го/ја сакате, постојат илјадници други луѓе со истите карактеристики. Па, зошто тогаш сте ја одбрале токму таа личност? Кога ќе се заљубите има нешто што ве влече кон таа личност и за жал, сѐ уште нема објаснување зошто е тоа така.


2. Зошто љубовта нѐ тера да правиме ужасни нешта?

Некои луѓе повеќе се заљубени во самата идеја на заљубување, отколку во личноста. Тоа чувство ги прави посреќни, но постојат други луѓе кои имаат негативна реакција на нивните силни чувства. Тие лажат, неверни се, крадат и убиваат во име на љубовта. До ден денес е мистерија зошто најубавата емоција може да го истакне најлошото во некои луѓе.


3. Зошто може да се заљубиме, а сепак да бидеме неверни?

Не е тајна дека голем број на мажи и жени изневеруваат. Но, не секогаш станува збор за неверство од нездрави врски. Понекогаш тие ги изневеруваат луѓето кои искрено ги сакаат. Невозможно е да се каже зошто некои од нас се способни да ги повредат оние кои најмногу ги сакаат. А, сепак тоа секојдневно се случува.


4. Како се заљубуваат луѓето кои не зборуваат ист јазик?

Многу од нас користат зборови за да комуницираат. Но, постојат парови кои се заљубуваат, иако не го зборуваат истиот јазик. Понекогаш луѓето едноставно чувствуваат искрено поврзување, иако имаат проблеми да искажат што чувствуваат.


5. Зошто љубовта може да исчезне?

Врските знаат да завршат кога престанува да постои љубов. Ако сте моментално заљубени, тоа ви изгледа сосема невозможно. Но, сакале вие или не, тоа постојано се случува. Нештата кои некогаш сте ги сакале кај партнерот, еден ден можат да почнат да ве нервираат. И како е тоа можно - уште никој нема објаснување.


6. Зошто може да се чувствувате поинаку во различни моменти?

Заљубувањето не е ограничено на еднаш. Постојат луѓе кои повеќе пати се заљубиле. Сепак, чувството не секогаш е исто. Возможно е да се заљубите во две личности на два целосно различни начини. За жал, тешко е да се објасни во што е разликата.


7. Кога допаѓањето преминува во љубов?

Лесно е да го запомните првиот пат кога сте кажале „те сакам“, но тешко е да го одредите точниот момент кога сте се заљубиле во некого.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава