Ајде да остариме заедно...

Сите се раѓаме со помислата дека животот ќе биде една бајка во која воопшто нема да треба да се пролеат солзи или пак да се пуштаат капки пот. Нема да лажам и јас мислев дека животот ќе ме третира на тој начин.

ajde-da-ostarime-zaedno-01

Но, како што минуваа годините сфаќав дека тоа нема да ме направи среќен. Кој сака едно досадно повторување, без да го запознаеш чувството на болка, разочарување, без да се соочиш очи во очи со маката и да ги откриеш клетите замисли на животот?

Дента кога те сретнав тебе, наликуваше на бајка, но знаев дека сакам да бидам несреќен со тебе, ти беше единствената личност со која што можев да бидам несреќен.

Се држевме и се уште се држиме за рака минувајќи низ трнливиот пат кој го задава животот, несреќни, а сепак среќни, еден оксиморон на животот. Не знам дали можеш да забележиш, но мене не ми треба ништо повеќе во тој реален свет. Не треба ништо да зборуваш, едноставно твоето присуство е доволна магија за јас да можам да постојам.

Другите гледаат совршенство во нас двајцата, но јас и ти знаеме колку само не сме совршени, едноставно знаеме да создадеме еден компромис, секојдневно. Компромис кој не прави среќни, како двајца искусни политичари кои се трудат нивната земја да успее. Да! Колку и да звучи чудно јас и ти секојдневно ја работиме таа земја, за кога ќе дојде време во неа да никнат плодовите на нашата љубов.

Во твојата насмевка има и солзи, во мојата љубов има и по малку омраза, но вистинската љубов е токму тоа, не знам дали другите забележале. Таа се случува кога една личност сакаш неизмерно, во истовреме ти доаѓа да ги ставиш рацете околу нејзиниот врат во обид да го запреш нејзиниот глас, а истовремено посакуваш да се изгубиш во еден страсен бакнеж.

Звучи чудно, но секому се случува, секојдневно со секој изминат час. Затоа што љубовта, исто како и животот, не е бајка, таа е реалност која мора да се искуси.

Понекогаш знам дека ја мразиш секоја моја постапка, а јас секој твој збор, но кога ќе ти погледнам во очите го гледам тој сјај кој ме прави да заборавам на сѐ претходно. Многупати сум те прашал дали си некоја маѓепсничка со чудни магии која прави да заборавам на сите грешки и лоши работи кои биле претходно и само да се втурнам во твојата прегратка жеден за твојот бакнеж. Бакнеж кој значи живот, бакнеж кој е исцелител и ме прави да живеам, мој елексир за вечна младост.

Секојдневно срцето ни е растргнато од грешките кои ги правиме, но се што е доволно се твоите два едноставни збора за да ме направат да се движам како побесната ракета низ универзумот. Штом ќе ги изговориш светот добива нова димензија, јас заборавам на реалноста и живеам за да ги слушам непрестано.

Се обврзавме дека ќе градиме нешто посебно, другите се чудеа на таквото обврзување, но јас и ти знаеме за што зборуваме. Тоа значи дека неприсилно, туку духовно споивме две различни неспојиви работи во една хомогена смеса.

Една мистична мешавина која го одзема здивот и станува интересна комбинација за гледање.

Да те прашам дали ме сакаш, тоа одамна го знам, нема потреба ниту јас да ја повторувам, но дали си подготвена да ја туркаш количката кога моите нозе ќе откажат или да ја држиш чинијата кога рацете ќе ти се тресат за да ме нахраниш, да ги гледаш моите брчки додека си загрижена за твоите, да се радуваш на нашите внуци и паравнуци, покрај каминот во домашната куќа кога веќе нема да бидеме толку згодни и полни со живот ?

Тоа не е прашање кое го поставувам, тоа е една реторика, на која веќе знам одговор без воопшто да те погледнам, ја давам својата верба и своето битие, на истиот начин на кој ти се предаваш, за една и единствена цел. Да ти ја држам раката се додека не остариме заедно и тоа да биде приказна за која луѓето ќе зборуваат многу подолго од годините кои ние ќе ги поминеме на земјата....

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава