Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто ме сакаш?

„Зошто ме сакаш?“ го чул нејзиниот шепот длабоко во ноќта. Само ги затворил очите, а капка солза се разлеала по неговата перница.

zoshto-me-sakash-01.jpg

Едноставно те сакам. Те сакам затоа што Универзумот ми го покажа патот до тебе. Те сакам затоа што срцето мое го отчукува твоето име, мојот ум ги црта твоите очи, мојата душа ја чувствува твојата дури и кога сме оддалечени илјадници километри.

Те сакам затоа што немав избор, не побарав да те сакам. Немав потреба да те сакам, но сепак е така, те сакам... Моите раце не се полни ако ти не си во нив и мојата жед не е задоволена ако ти не си мојот пијалак.

Те сакам затоа што чувствувам удобност надвор од мојата комфорна зона со тебе покрај мене. Те сакам бидејќи секоја клетка на моето тело реагира на твојот допир, на твојот поглед, на начинот на кој се движиш и на начинот на кој звучиш.

Те сакам затоа што нешто, некаде, ме насочи токму кон тебе.

Тоа е мојата душа и ти си нејзината партнерка.

Те сакав и пред да се сретнат нашите патишта. Играв низ удобни места меѓу удобни луѓе, сè додека немав друг избор освен да си заминам и да дојдам таму кадешто си ти.

Војував со боговите, се соочив со ужасни невремиња и пекол, сè додека, еден ден, облаците не си заминаа и моите очи се сретнаа со твоите.

Чекав, нетрпеливо за тебе, сè додека моето срце не го најави твоето пристигнување.

Знам дека си исплашен ангелу мој. Знам дека ја чувствуваш болката од стравот и опасноста на патувањето на кое не е гарантирана крајната дестинација.

Но, едно нешто ти ветувам - кога ќе дојдат демоните, јас цврсто и исправено ќе стојам пред нив, со тебе зад мојот грб и ти ќе бидеш заштитена.

Кога ќе дојдат молњите и дождовницата ќе те штитам додека невремето не си замине.

Кога незадоволството ќе чукне на нашата врата, ќе се борам со него, додека сите битки не завршат, додека сите облаци не си заминат.

И конечно ќе можам да го држам твоето лице, да гледам во твоите очи...

Тогаш ќе знаеш зошто те сакам.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...
10 суптилни знаци дека не сте толку прекрасна сопруга Ретко се извинувате - никогаш не преземате одговорност, дури ни кога е очигледно...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна! Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg