Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Згодниот, висок принц нема да дојде. Барајте човек кој ќе ви го направи животот едноставен

Врската која има потенцијал да биде долготрајна по дефиниција, не треба да биде комплицирана. Впрочем, колку долго може да трае врската каде и двајцата постојано се полудувате?

za-site-mladi-devojki-vrskite-ne-treba-da-bidat-komplicirani-01.jpg

Комплицираната врска не може да трае долго, барем не подолго од, да речеме, две години, бидејќи на крајот завесата се спушта и актерите полека, но сигурно, започнуваат да ги изразуваат своите мисли.

Комплицираната врска со своите бесконечни разговори каде еден на друг постојано се обидувате да си објасните што прави да се чувствувате заробени или колку ви се контрадикторни емоциите, очајното барање на формула за полесно и хармонично живеење во ниту еден случај не ви треба.

Не се притискајте себеси да верувате ќе имате шанса да бидете среќни. Ако продолжите со тие убедувања, голема е веројатноста дека на крајот, поради сите емоционални страдања целосно да си го уништите животот.

Врските треба да бидат едноставни

Не е важно кој е или што работи или пак, какво е неговото образование, колку јазици зборува, со колку жени бил претходно... Вашиот живот и среќа, не треба и не можат да зависат од овие прашања.

Она што навистина треба да ви значи е колку се чувствувате удобно покрај него - дали се чувствувате како да сте дома.

Ако воопшто не ви е грижа дали сте со него или не, ако не чувствувате како да можете целосно да го остварите личниот потенцијал покрај него, ако се полудувате еден со друг, тогаш можеби е време да си заминете.

Нема ништо да изгубите. Подоцна, само ќе сфатите дека воопшто не сте го сакале, туку дека тој ви бил само краток каприц, од кој не можете ништо да добиете, освен главоболка, емоционална драма и чудна желба да се измачувате себеси.

Да повториме уште еднаш, врските треба да бидат едноставни

Што сакате да добиете од таа врска? Можеби сакате деца, заеднички дом, заедно планирате да живеете, да имате заеднички круг на пријатели и сè друго што посакувате од животот. Ако сте сигурни дека овие работи нема да ги добиете од таа комплицирана личност со која сте во моментот, тогаш зошто воопшто останувате во таа врска?

Сите ние сонуваме за совршениот, висок и згоден џентлмен и завршуваме со едно големо разочарување кога ќе сфатиме дека личноста која е покрај нас воопшто не ги поседува карактеристиките за кои сме сонувале и идеализирале.

Всушност, на крајот, сите ние сфаќаме дека во животот потребен ни е оној тип на кого секогаш ќе можеме да се потпреме, чие рамо секогаш ќе ни биде најдобра утеха кога животот не ни поаѓа од рака. Оној кој секогаш е покрај нас...

Секогаш.

Сè друго се сведува само на детали со кои секој може да се соочи.

Тогаш кога добро ќе се познавате еден со друг како однадвор, така и однатре, тогаш кога ќе знаете што точно мисли другиот, што точно сака и посакува. Тогаш и расправиите нема да бидат така тешки и комплицирани, бидејќи ќе знаете како да се соочите еден со друг.

И уште една работа. Само едноставните врски се потпираат и базираат на еден од најважните фактори за опстојување на врската - довербата.

Тоа значи дека можете да донесете важни одлуки кои ќе влијаат на вашиот заеднички живот, но не само заедно, туку дека, дури и индивидуалните потреби и желби ќе можете да ги спроведете, тогаш кога околностите го налагаат тоа.

Значи, заборавете на сите оние бајки и фантазии кога сте биле тинејџер. Фантазијата дека некој висок и згоден принц целосно ќе ви го промени животот не може да опстои во реалноста, може само да ви предизвика емоционални разочарувања.

Наместо тоа, сè што ви е потребно во животот е една едноставна, стабилна и сигурна врска.

Ништо повеќе.

Ништо помалку.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Депресивните личности се пронаоѓаат и стапуваат во депресивен брак, со став „ние против светот“ - Но... Кога ќе се сретнат две депресивни личности, кои негативно гледаат на сè, тие доб...
10 работи што ги прави партнерот кој ве цени и вистински ве сака Си ги признава грешките, ви дава комплименти и секогаш знае како да ве изненади ...
Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg