Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пријателке, фактот што си во врска со моето поранешно момче е доказ за твојата мизерија

Понекогаш не можев да разберам што е она што ги тера луѓето да повредуваат, без разлика дали се повредуваа самите себеси или ги повредуваа тие околу нив. 

prijatelke-faktot-shto-si-vo-vrska-so-moeto-poraneshno-momne-e-dokaz-za-tvojata-mizerija-001.jpg

Тој ден седев стуткана во креветот во мојата соба, бев уморна од претходниот ден, а надвор врнеше, па затоа решив да поминам едно мрзливо утро во мојот удобен кревет.

Разгледував новости по социјалните мрежи и се смеев на видеа кои ги наоѓав на интернет, како за понеделник без обврски, беше одлично утро.

Но, кај мене таквиот мир траеше кратко, добив телефонски повик од кој ми се згади животот.

На телефон беше човек што можеби денес ќе ми прозбори на улица, утре можеби не, но ми кажа дека девојката која требаше да биде моја најдобра другарка е во врска со моето поранешно момче.

Не знаев дали да се смеам или да плачам на тоа што го слушнав, а оној што се јави беше близок до двајцата. Тие двајца немаа храброст, ниту еден да ме извести.

Ја спуштив слушалката и го завртев нејзиниот број. Не одговараше на повикот... А, јас се прашував зошто беше чудна последните неколку дена.

Знаев дека нема храброст да ме погледне во лице, ама сакав само да ѝ кажам дека ми е мило што станала колекционер на отпадоци.

Ми беше тешко што го изневери нашето другарство, но знаете подобро подоцна отколку никогаш.

Такви личности немаше потреба да бидат во моја близина.

Иако испуштав оган од очите за тоа предавство, сакав само да ѝ кажам, за да не рече после не сум ѝ кажала.

Моја мила другарке, од денес веќе поранешна за мене, исто како што е и тој, или можеби мртва за мене е посоодветен збор за твојата ситуација.

Едно да знаеш, тој мене никогаш не ме преболел, кога ќе те бакнува тебе, ќе се потсетува како ме бакнуваше мене, кога ќе те допира ќе му недостига ти да го допираш на начинот на кој јас го допирав.

Кога ќе шетате, секаде каде што ќе одите тој ќе прави со тебе сè што правеше со мене, но ќе посакува, ќе гори од желба јас да бидам до него.

Затоа што јас го преболев, а тој мене никогаш.

Ти изгуби другарка која дишеше за тебе, беше подготвена да го даде и животот, ја продаде за малку секс и авантура.

Зарем мислиш долго ќе траете?

Зарем не знаеш што е мојата приказна со него, нели ти е јасно зошто јас и тој завршивме?

Ти го давам овој совет, пред целосно да те избришам од мојот живот. Ти го давам на добра волја, иако не заслужуваш. Бегај!

Бегај од него, бегај подалеку, не го велам ова од љубомора, да беше тој добар за некоја немаше јас да го оставам.

Бегај ако сакаш да бидеш среќна, но ако сакаш да бидеш само „мивка“ која ќе биде згазена од неговото его и неговата одвратна личност тогаш држи го за рака, шетајте низ градот и преправајте се дека сте среќни.

Колку и да глумиш јас знам дека ти нема да бидеш среќна, а со твојата глупава одлука ќе бидеш уште понесреќна.

Затоа што ти одлучи да ме изгубиш мене, човек кој не требаше да го оставиш да замине.

Сега само ме интересира кој ќе ги брише солзите од твоите глупости кога срцето ќе ти биде скршено, бидејќи јас нема да бидам таму.

Затоа што решив да не простувам на луѓе кои се без чувства и мозок, луѓе кои не можат да размислат што се последиците од нивните глупави одлуки.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
14 потсетници за сингл жените, во пресрет на Денот на вљубените Кога сте сингл, можете целосно да си се посветите на себе – искористете го ова. ...
2 работи кои им се најважни на луѓето во љубовната врска (за да останат до крајот на животот) Ниту изгледот, ниту лудата авантура... Што е клучно за луѓето да бидат среќни и ...
10 суптилни знаци дека не сте толку прекрасна сопруга Ретко се извинувате - никогаш не преземате одговорност, дури ни кога е очигледно...
10 фрази кои на мажите им влијаат позитивно на психата (и треба да им ги кажете) „Ти благодарам што го направи тоа за мене“ - Клучната состојка на долгите врски ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg