Јас сум интимна лирика, а ти јуначки еп...

Чувствуваш ли како судбината повторно ги плетка работите и лукаво ги трие рацете?

jas-sum-intimna-lirika-ti-junacki-ep-001.jpg

Ми треба слобода, а јас трчам кон тебе мислејќи дека ќе ми ја дадеш. Знаејќи дека нема. Знаејќи дека ќе ме врзеш со железни пранги и ќе се влечам по тебе како телото на Хектор при крајот на Тројанската војна. И пак трчам, како мало дете кое нема дом, како мачка која не сака да накисне на дождот кој набрзо ќе истури.

Судбината не сака да бидеме заедно. Не сака да ти го љубам вратот и да ми ја милуваш косата со тие твои груби прсти кои фабрички се произведени за мене. Секоја твоја линија е секоја моја косина, како сложувалка си оди заедно. Се вклопува. А, јас и ти не.

Лукаво и злобно ги трие судбината тие прстиштата нејзини. Се смее секој пат кога ќе се пропуштиме, кога ќе заминеме и ќе се налутиме. И пак, итро нѐ спојува сакајќи да ни напакости. Ќе не спои, ќе не залепи и потоа на уште недосушено ќе не раскине на делови. Боли, како кожа да ни дере. На двајцата. И трпиме, секој момент со солзи во душата, двајцата трпиме не оставајќи да победи. А надвор ништо.

Мака ли е? Зошто е толку мачно да се биде со тебе? Тебе ветрови те носат, а мене поројни бури. Мешавина од слатко и луто завиткано како поклонче со една голема бувка. Голема, што ни најлакомото дете само не може да ја одврзе. Ете, тоа е она нашето, невидливото, скриено дури и од нашите очи, а камоли од срцата.

Штом се допреме, го чувствуваме заедничкиот распад. Твојот на болка, а мојот на приврзаност. Штом се допреме, како катапултирани двајцата ќе се оддалечиме. Јас ќе почнам да горам, ти да мрзнеш, а времето не запира. Проклетиот песочник тече како да нема друга работа. Еднаш барем да запреше, проклет да биде.

Не сака да попушти. Сѐ е против нас. Ти дуваш во спротивна насока, а јас штом допрам до тебе, уривам. И заминуваме и се враќаме, се врзуваме на глужд и наоѓаме да начин да го одврземе, а линиите од болка се гледаат по нашите рачни зглобови. Понекогаш жегаат како река од спомени која не се излева. Понекогаш имаат вкус на чоколадо, како кога ти ги љубев усните.

Јас сум интимна лирика, а ти јуначки еп. Нема заедничко. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава