За златната девојка со цвеќиња во косата и бурни очи кои предизвикуваат невреме...

И ги гледав цртите на лицето, косата опуштена и зафатена наназад, веѓите толку соодветни на очите и на бојата од косата, нејзините јаболкници убаво истакнати, не сум сигурен дали поради пудрата и руменилото или природно и беа такви, но беа фасцинантни, а тука се и нејзините полни усни толку врели и убави што би ги грицкал.

za-zlatnata-devojka-01

Линијата на нејзиниот нос беше целосно пропорционална со останатите делови од неа. Сакав да ја допрам, толку сакав да ги закопам прстиве во таа дивурија и метла што ја нарекува коса.

Сакав да ја наежам и освојам па никогаш да не посака некој друг, да вреска при помислата на мене и да ја немам, засекогаш да ме сака и да ме бара. Да ѝ бидам прв во мислите и да посакува да биде моја. Да ја завиткам во бели свилени чаршафи на 21 кат од некој убав пентхаус, со малку вино и убава музика. Да ја заведам за да ја оставам.

Имаше насмевка што го осветлуваше целиот мој универзум чиј центар беше.

Ми беше планета, моја и сопствена и цела грижа беше оставена на мене, а јас со притисоците не се справував добро. Е затоа таа беше паметна, јас не ја заведов, туку таа мене.

Ме натера да ја сакам, дрско и само со погледи додека јазикот ми вибрираше од неа.

Влакненцата на ушите ми се креваа при нејзиниот цветен мирис и моите груби прсти ги валкаа нејзините меки рачиња.

Кога се тресеше на студот моите јакни не ѝ беа потребни туку и бев потребен јас.

Во пролет само сакаше ѕвезди да гледаме под отворено небо легнати на трева цитирајќи романтична поезија.

Ме влечкаше по најчудните места во светов и ме прошета по нејзиниот карактер давајќи ми целосна тура, а нејзините маани никогаш не беа доволни за да го засенат тој весел карактер и таа нежност.

Здивот ми беше координиран со нејзиното дишење и свиткана во мојата стара кошула ја гледав како спие, косата послана по перницата скоро целосно прекривајќи ја и рацете толку силно го држеа јорганот како да и зависеше животот од тоа.

Таа девојка пушташе корени внатре во мене, а јас морав да ги пресечам.

Нејзината добротија ме оплеменуваше и ме прочистуваше. Нејзината неподносливо слатка и ужасно прекрасна реа си го беше нашла местото помеѓу моите работи оставајќи по малку на секаде за да ме следи додека спијам, а кога не спиев будно да ја сонувам.

Нејзиниот разум дрско си поигруваше со моите мисли шетајќи ги по мојата глава правејќи таква ужасна бучава што закочив и замрзнав на цели две секунди што и беа доволни за да ме погледне и да сфати дека не сум во ред.

И без очила и леќи знаеше да ме прочита како селски буквар додека јас бев во бунило.

Брзо сфаќаше, немаше потреба од објаснување. Ја сонував како си оди, како ме погледнува и ми се насмевнува без да ми замавне па се врти и си заминува полека.

Пискав и пискав „НЕЕЕЕ“ „НЕЕЕ“ и се разбудив облеан во пот брзо станувајќи и погледнувајќи на секаде по шкафчињата дека нејзините работи навистина ги нема, а на ноќното масиче оставено парфимиран плик со уреден црн ракопис со моето име.

Можеби не беше машки солзите да ми течат по лицето и моториката на рацете да не ми функционираше, но попуштив, еднаш и попуштив на гордоста и на сите мои верувања. Поради неа.

Поради златната девојка со цвеќиња во косата и бурни очи кои предизвикуваат невреме.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава