8 причини поради кои сексот со интровертна личност е најдобар

Интровертите се посебни луѓе со посебни таленти и маани. Кога станува збор за сексот попрво би рекле дека интровертите не ги бива помеѓу чаршафите, но вистината е комплетно поинаква. Тие се внимателни и посветуваат внимание на детали, меѓу останатото.

8-prichini-poradi-koi-seksot-so-introvertna-lichnost-e-najdobar-001.jpg

Ова се 8-те причини поради кои интровертите се добри во кревет:

1. Тие знаат да се прилагодат на вас

Кога станува збор за задоволување, интровертните луѓе воопшто не брзаат. Тие се нежни и нивниот ритам е постабилен, а тоа значи и позадоволителна брзина. Тие немаат преголема самодоверба, но имаат доволно самодоверба за да знаат што да направат.

2. Сѐ се базира на доверба

Тие нема да ја преминат границата освен ако вие не сакате. Тие нема да направат да ви биде неудобно и нивна примарна цел е да им верувате.

3. Тие точно знаат што прават

Уште пред да започнете, тие точно знаат што ќе прават и веќе имаат направено целосен концепт во нивната глава. Во нивниот свет нема простор за премислување.

4. Тие се фокусирани исклучиво на вас

Интровертите внимателно одбираат на кого му ја посветуваат енергијата. И, ако вие сте меѓу таквите среќници, тогаш ве очекува прекрасен период. Овие луѓе воопшто не се мрзливи и нивна желба е да ве усреќат.

5. Тие знаат кога да молчат

Понекогаш, зборувањето додека се вжештува атмосферата комплетно го уништува расположението. Интровертите знаат дека само со тишина се засилуваат сетилата за допир и вкус. Тие ја знаат моќта на тишината во спалната соба.

6. Тие сакаат да ве сакаат

Ако интроверт е заљубен во вас, тогаш тие ќе одвојат време и енергија за вашата врска. Тие ќе се осигурат дека вие сте среќни и никогаш да не се плашите да кажете што сакате. Тие сакаат да се чувствувате пријатно околу нив, а колку ви е попријатно, толку сексот е поубав.

7. Она што тие најмногу го сакаат е интимноста

Нема ништо подобро од личност која знае дека предиграта е најважна. Таа веднаш ќе ве натера да посакате уште, а тие ќе обожуваат да молите.

8. За нив, најважна е врската

Да, сексот е физичка активност. Но, интровертите внимателно одбираат со кого имаат секс. Ако сакаат да го направат тоа со вас не е затоа што сте згодни или убави, туку бидејќи сте им интригантни и искрено сакаат да ве запознаат подобро. Тие сакаат да знаат сѐ за вашиот свет, што обожувате, што мразите и сл. За интровертните луѓе емоционалната конекција е клучна.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава