Кога ќе ни биде најтешко, потсети ме дека нè чека светло на крајот од тунелот

Живееме. Живуркаме. Животариме. Се бориме. Секој нов ден е нова битка. На крајот од вечерта правиме рекапитулација на денот, додека потонуваме длабоко во ноќта.

Koga-kje-ni-bide-najtesko-potseti-me-deka-ne-ceka-svetlo-na-krajot-od-tunelot-01_copy.jpg

Дишеме синхронизирано, така полесно се успиваме. Се држиме за раце, дури и кога грбовите ни се свртени еден кон друг. Некогаш зборуваме ние, некогаш зборува тишината.

Понекогаш имам лош ден, а неретко се случува да се врзат неколку ужасни во низа. Тогаш се обидувам да се затворам во мојата школка, затоа што мислам дека така ќе биде полесно за двајцата. 

Да одболувам во себе, да самувам во тишина, да ми помине.

Но, ти не ми дозволуваш. Ми ги тегнеш ушите како за среќен роденден. Ми го носиш омиленото чоколадо, ми вариш утринско кафе, иако самиот не пиеш.

Ме скокоткаш за да се насмеам, ми муабетиш банални глупости и длабоки филозофии. Не ме оставаш сама во мракот.

Еднаш прочитав,  дека тагата е сируп кој ни е препишан во мали дози до крајот на животот. А ти си тука да ми помогнеш да не се закашлам додека го пијам.

Утре можеби двајцата ќе ја изгубиме работата. Некој може да се разболи. Може да беснеат пожари, поплави, дури и војна.

Може да доживееме уште илјада неправди и разочарувања. И онаа мала лажичка тага која задолжително треба да се сркне.

Животот е непредвидлив. Но, се додека си до мене и ме потсетуваш дека „дури и најтемната ноќ ќе заврши и сонцето ќе изгрее“, јас имам причина да живеам...

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава