10 илустрации кои откриваат каква ви е врската според позата на спиење

На Интернационалниот научен фестивал во Единбург беа презентирани резултатите од многу научни истражувања во полето на психологијата, а едно открива дека – било која промена во врската резултира и со промена на позицијата во која спијат партнерите.

10-ilustracii-koi-otkrivaat-kakva-vi-e-vrskata-spored-pozata-na-spienje-01.jpg

На основа на податоците кои ги добил докторот Вајзман, постојат неколку позиции на спиење кои ќе ви помогнат да разберете каква ви е врската:

1. „Меден месец“

Во оваа позиција вообичаено спијат партнерите кои не се долго во врска или оние кои биле долго време одвоени еден од друг.

Ако долго време живеете заедно и сè уште спиете вака, тоа значи дека сè уште постои голема страст во врската.

10-ilustracii-koi-otkrivaat-kakva-vi-e-vrskata-spored-pozata-na-spienje-1.jpg

2. „Дијалог“

Помеѓу овој тип на партнери постои силна поврзаност, но сакаат многу повеќе да комуницираат едни со други.

10-ilustracii-koi-otkrivaat-kakva-vi-e-vrskata-spored-pozata-na-spienje-2.jpg

3. „Гледање ѕвезди“

Двојката живее хармоничен живот, но понекогаш се наоѓаат во непријатни ситуации, бидејќи едниот од партнерите е принуден постојано да се адаптира на другиот.

10-ilustracii-koi-otkrivaat-kakva-vi-e-vrskata-spored-pozata-na-spienje-3.jpg

4. „Силно рамо“

Оваа позиција е слична на претходната, а типична е за парови кои се навикнати постојано да се грижат еден за друг и да бидат нежни. Најчесто мажот е доминантен во врската.

10-ilustracii-koi-otkrivaat-kakva-vi-e-vrskata-spored-pozata-na-spienje-4.jpg

5. „Допирна точка“

Овие парови се среќни. Си даваат простор еден со друг, но контактот е доказ дека се грижат еден за друг.

10-ilustracii-koi-otkrivaat-kakva-vi-e-vrskata-spored-pozata-na-spienje-5.jpg

6. „Одвоен одмор“

Оваа позиција ја одбираат двојки кои постојано се расправаат или кои бараат многу простор да ја развиваат својата индивидуалност.

10-ilustracii-koi-otkrivaat-kakva-vi-e-vrskata-spored-pozata-na-spienje-6.jpg

7. „Крал на креветот“

Оваа позиција ја одбираат партнери кои повеќе сакаат да се докажуваат отколку што се грижат за мислењето и емоциите на партнерот. Покажува себичност.

10-ilustracii-koi-otkrivaat-kakva-vi-e-vrskata-spored-pozata-na-spienje-7.jpg

8. „Прегратки“

Хармонична и страсна врска. Оваа позиција обично ја одбираат оние кои штотуку стапиле во брак.

10-ilustracii-koi-otkrivaat-kakva-vi-e-vrskata-spored-pozata-na-spienje-8.jpg

9. „Прегратки на далечина“

И понатаму се страсни и имаат хармоничен живот, но си даваат и слобода.

10-ilustracii-koi-otkrivaat-kakva-vi-e-vrskata-spored-pozata-na-spienje-9.jpg

10. „Допир на стапала“

Оваа позиција ја одбираат оние парови каде владее хармонија и доверба. Партнерите се даваат комплетна слобода, без да се сомневаат еден во друг.

10-ilustracii-koi-otkrivaat-kakva-vi-e-vrskata-spored-pozata-na-spienje-10.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава