Кога ја љубам мојата сопруга, целиот свет повторно добива смисла...

Ја љубам мојата сопруга и не се срамам да го покажам тоа. Ја сакам наутро, кога е без грам шминка, сонлива и со коса која фатила 16 различни правци.

Koga-ja-ljubam-zena-mi-celiot-svet-povtorno-dobiva-smisla-01_copy.jpg

Ја сакам кога се подготвува за на работа, додека ја набљудувам како си нанесува шминка и ме убедува дека е многу поубава така. Убава си секако и секогаш - ѝ кажувам, а таа се смее бидејќи мисли дека ја лажам.

Но, не е лага. Ја љубам мојата сопруга и со шминка и без неа, ја сакам до болка дури и кога е настината и се крие под ќебето, затоа што носот ѝ бил црвен како бабура.

Ја љубам мојата сопруга и се обидувам повеќе да ѝ покажам, отколку само да се расфрлам со зборови, бидејќи зборовите без дела се само празни, штури ветувања.

Оние работи кои можам да ги направам сам за да ѝ помогнам, ги правам со внимание, оние кои не ми се многу по волја ги правам секако, не затоа што сум наивен или смотан, туку затоа што тоа ја прави среќна, а за нејзината насмевка ќе позирам и на 10 селфи фотки.

Ја љубам мојата сопруга, нејзината трага се протега насекаде низ нашиот дом, велам ДОМ, бидејќи таа го претвори станот во дом, таа ги претвора обичните намирници во семеен ручек, таа внесува топлина и поради неа имам чувство на припадност.

Ја љубам кога е нервозна, кога се занесува, кога плаче за глупости, кога вика како мало дете. Всушност, ме потсетува зошто сум се вљубил во неа и сакам секој ден да ме потсетува на тој факт.

Кога ги кревам нашите дечиња в раце, ги сакам бескрајно затоа што содржат уште еден дел од неа, начинот на кој се смеат и вртат со очињата, начинот на кој се заблагодаруваат онака како што таа го прави тоа и како што ги научила и нив...

Кога ја љубам мојата сопруга, тогаш целиот свет повторно добива смисла и јас сум подобар човек.

Цел ден, секој ден, додека дишам.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава