50 ситници кои мажите ги прават, а многу ни значат

Нема девојка која не се радува на моментот кога нејзиното момче без да му каже ќе забележи дека направила некаква промена кај себе, кога ќе ѝ каже те сакам, без причина, ќе ја бакне во чело...

50-sitnici-koi-mazite-gi-pravat-a-mnogu-ni-znacat-01.jpg

Поточно, нема девојка која не ги сака овие 50 работи:

1. Да ни дадат комплимент за нешто за кое сме сигурни дека нема да го забележат.

2. Да ни напишат слатка честитка, а да не се потпишат.

3. Да ни кажат дека некој филм или песна ги потсетувал на нас.

4. Да ни донесат храна, посебно тогаш кога биле излезени со пријателите.

5. Да ни пратат порака за добро утро.

6. Да го знаат роденденот на нашата мајка.

7. Да се понудат да измијат садови.

8. Да забележат дека сме смениле фризура.

9. Да забележат кога ќе го замениме репот со пунџа.

10. Да нè прашаат каков ни бил денот.

11. Да ни пуштат песна која знаат дека ја сакаме додека се возиме во автомобил.

12. Да ни ја дадат шифрата од мобилниот.

13. Ненадејно да купат карти за кино.

14. Да направат простор во нивната соба, за нашите работи.

15. Да разговараат со нас пред некои важни одлуки.

16. Да нè поканат на вечера со родителите.

17. Да ни кажат дека сме убави.

18. Да објават наша фотографија на социјалните мрежи.

19. Да нè бакнат во чело.

20. Да ни кажат „Те сакам“ пред да заминат на работа.

21. Да нè гледаат во очи за време на секс.

22. Да нè држат за рака во јавност.

23. Да одберат филм или книга која знаат дека ја сакаме.

24. Да нè слушаат за серија која не ја гледаат.

25. Да ги повикаат нашите пријатели на дружење со нивните пријатели.

26. Да застанат на наша страна кога некој не се однесува убаво со нас.

27. Да нè пофалат пред некој друг.

28. Да ни кажат дека сме убави само што ќе станеме од спиење.

29. Да се понудат да ни ја платат вечерата.

30. Да внимаваат на нас кога пешачиме.

31. Да сакаат да бидеме задоволни од сексот.

32. Да ни кажат што ги мачи.

33. Да испланираат романтична вечер.

34. Да останат будни до доцна за да се допишуваме.

35. Да не повлечат поблиску до себе кога се прегрнуваме.

36. Да се сетат на маскарата која ја купуваме и пицата која секогаш ја нарачуваме.

37. Да ни дозволат да им ја собереме перницата или ќебето.

38. Да си играат со нашата коса.

39. Да ни кажат како им поминал денот. Детално.

40. Да гледаат серија која ја презираат само затоа што ние ја сакаме.

41. Да ни ја носат чантата.

42. Да ни дозволат да заспиеме во нивна прегратка.

43. Да ни донесат појадок во кревет.

44. Да купат играчка за нашиот миленик.

45. Да ни дозволат да ги носиме нивните маици и кошули.

46. Да ја делат храната со нас.

47. Да ни пеат додека не заспиеме.

48. Да се прегрнат силно, одзади.

49. Да ја носат маицата која секогаш им велиме дека ни се допаѓа.

50. Да ни дадат до знаење колку сакаат стапат во брак со нас.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Луѓе споделуваат искуства за брак и врски без секс: „Поминаа три години откако бевме интимни“ „Јас сум во врска без секс и навистина не знам што да правам. Поминаа три години...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg