12 работи кои ги прави момчето кое ви се допаѓа и не можете да им најдете НЗС

Надвор времето може да е прекрасно, а вие штотуку положивте важен испит или имавте успешен ден на работа. Вагата покажува 2 kg помалку и си го купивте карминот кој го меркавте. А сепак, нешто недостасува.

12-raboti-sto-gi-pravi-momceto-koe-vi-se-dopagja-i-ne-mozete-da-im-najdete-nzs-01.jpg

Момчето кое ви се допаѓа едноставно ве излудува. И сè друго што е успешно во вашиот живот пропаѓа во вода, поради тоа што не можете да им најдете НЗС на неговите измешани сигнали. Чувствувате дека се претворате во опсесивна жена која премногу ги мисли и анализира работите.

Ова се само неколку од вообичаените машки постапки кои ви лазат на нерви, и како (понекогаш сосема неточно) ги доживувате во својата глава:

Веќе е пладне, а него го нема никаде да се јави

Ниту да пише, ниту пак „светка“ на Месенџер на Фејсбук. Нема нова слика на Инстаграм, ниту нов „твит“... Да не го удрил автомобил?


Не можел да прати порака, затоа што бил презафатен

Трае помалу од 10 секунди. „Извини, не можам да ти се јавам сега, имам малку работа“. Толку ли е проклето тешко да се напише една порака?


Прашува каде си, без план за гледање

Откако ќе ме праша дали сум се наспала, што сум појадувала и каде планирам да одам, разговорот завршува. Зошто не предлага да правиме нешто заедно?


Поранешната девојка му е сè уште пријателка на Фејсбук

И не планира да ја избрише. И си муабети со неа. И ѝ ги „лајкнува“ сликите. Сакаш да бидеш со мене или со поранешната девојка?


Изјавува дека не си како другите девојки со кои излегувал

„Ти си поинаква“. А тоа е добро – или лошо? Какви биле другите девојки?


Нема некое големо друштво

Пријателите му се бројат на прсти. Тоа никогаш не е добар знак, или? Нешто мора да не е во ред со него...


Д
озволи да си го платиш својот дел од сметката

Се понуди сосема културно да го платиш својот дел – и тој го дозволи тоа! Дали нема доволно пари во себе или сме цимери?


Му треба цела вечност да се подготви

Кого сака да импресионира? Веќе знае дека ми се допаѓа. Значи мора да се дотерува за некоја друга...


Секогаш зборува предолго со други девојки на излегување

Не флертува со нив, но секогаш е фин и насмеан. И многу го мразам тоа!!!


Не стави :-* во пораката за добра ноќ

Зошто бре дечко не ми праќаш бакнеж? На мајка ти ли ѝ ја праќаш пораката?


Има слободен ден и не спомна да се видиме

Ако ти се допаѓам, зарем не сакаш барем мал дел од слободниот ден да го поминеш со мене? Местиш ли завеси по дома?


Никогаш не зборува за своето семејство

Постојат ли тие луѓе воопшто и какви се? Знаат ли за мене?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава