Нашиот брак е стискање на дланките, менување пелени, исплаќање на долговите...

Фиктивните приказни умеат да бидат фанстастично добри, но нема ништо подобро од вистински емоции.

Emocionalniot-govor-na-ovaa-zlatna-svadba-ke-ve-preplavi-so-emocii-01.jpg

Кога овој сопруг се исправил пред своите најблиски роднини и пријатели да одржи мал говор по повод 50-годишнината од неговиот брак, не издржале дури и најтврдокорните срца под напливот на чувствата.

Како изгледа една вистинска љубов? Неговата 50-годишна љубовна приказна започнува вака:

„Како ја запознав мојата сопруга се прашувате? Филмски, заплеткана игра на судбината. Таа го удри својот мал автомобил во мојот браник и излезе лута и бесна да ја бара правдата.

Тогаш ги видов нејзините очи, ситните пеги на носот и начинот на кој ветрот си играше со нејзината коса. И се вљубив како најголемата будалетинка на светот.

Но, да се вљубиш е лесно. Се случува за помалку од секунда, и ако не го нахраниш со многу повеќе, рокот на затрескувањето е ограничен.

Да сакаш, тоа е целата смисла на животот. Само да сакаш и да бидеш сакан за возврат.

Да знаеш дека нема да биде лесно, но ќе вреди на крајот.

Кога љубиш искрено, тогаш се соголуваш целосно пред другата личност. Го вадиш твоето срце и го ставаш во рацете пред тебе, со надеж дека нема да биде скршено, отфрлено, ниту згазено.

5 децении треперливо го носам твоето во моите прсти. Не сум совршен чувар, понекогаш тоа се лизгало низ нив, крварело и плачело. Но, никогаш не сум дозволил да падне и да се распарчи.

Твоето срце во моите раце е најскапоцениот подарок за кој сум можел да сонувам, тоа е мојата чест и привилегија, нешто со кое најмногу се гордеам.

Гледајќи ги денес сите ваши убави лица, моите деца и внуци на едно место, сфаќам дека јас сум најбогатиот човек на светот. Со мојата сопруга сме направиле многу добри работи заедно, но децата се најдоброто нешто.

Сакам да мислам дека сме успеале да ги воспитаме и сме создале малку подобри луѓе од нас, бидејќи тоа е целата поента на имањето деца. Да оставиш барем еден подобар човек од тебе позади себе.

Што се однесува до мене, јас знам дека сум подобар човек поради мојата жена. Таа е мојата неуништлива карпа, дури и кога брановите се разбранувани, луди и пенливи.

Таа е мојот светилник дури и во најтемната ноќ, таа е мојот љубовник, другар и слушател.

Нашиот брак е како луда железница, подеми и падови, младешки секс, нежно водење љубов и силно стискање на дланките, далечни патувања, менување пелени, бескрајни комбинации за исплаќање на долговите, 16 нови автомобилски тркала, мрзелива пладневна дремка, но и будење во 5 наутро за на работа, смеа, но и врескање, во оној мал стан со влага кога ветив дека ќе те љубам засекогаш, до нашата голема куќа која од обична градба ја претвори во ѕидови со мирис на љубов.

И не би сменил ниту еден ден од овие изминати 5 децении.

Дури и по 50 години, ти си сè уште најубавата жена која сум ја видел. Ми даде сè за што сонував – дом, семејство, мир и среќа.

Те сакам цели 50 години и ветувам дека ќе те сакам и во наредните 50.

Последното нешто што сакам да го видам пред да заминам од овој свет се твоите очи“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава