Зошто жените кои размислуваат сериозно и длабоко, потешко наоѓаат љубов?

Ако сте жена која сака да анализира сè, да размислува, тогаш веројатно животот не ви е лесен.

zoshto-povekjeto-mazi-ne-mozat-da-gi-izdrzat-dlabokite-zenite-01.jpg

Колку е подлабока вашата личност, толку е потешко да најдете љубов, без разлика на тоа на колку состаноци ќе отидете, колку мажи ќе запознаете...

Ограничени сте на краткорочни врски, бидејќи тешко е да најдете доволно силни мажи кои можат да се справат со вас.

Зошто?

Ваквата жена е искрена

Нејзините мислења се неподелени, таа е искрена, а нејзините зборови понекогаш знаат да болат како остар нож. Таа е секогаш отворена со своите мислења. Нејзините одговори често знаат да бидат непријатни и не се за оние површните.

Таа е полна со идеи за длабоки разговори

Поставува прашања и го става мажот во ситуација за која понекогаш, не е подготвен, да одговори. Секојпат кога се заедно, таа копа длабоки прашања за животот уште од самиот почеток, па не е за маж кој мисли само на површните работи.

Таа знае што точно сака

Таа е искрена за нејзините барања, потреби и желби. Таа е многу јасна и околу тоа што бара од својот партнер, нешто на кое многу мажи воопшто не се подготвени.

Кога станува интимна, таа знае да биде екстремна

Таа е бестрашна кога љуби. Подготвена е да ги премине сите граници и не се плаши дали ќе биде повредена во процесот. Мажите често се плашат од некој кој сака бестрашно.

Таа сака длабока врска

Мисли како филозоф и оттука преферира и длабока врска која нема да ги исполнува само нејзините страсни желби, туку ќе ги задоволува и нејзините мисли.

Лесно продолжува понатаму

Таа не чека. Нема трпение и продолжува понатаму кога гледа дека мажот не е способен да и понуди нешто повеќе.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава