Рутини за убавина кои жените ги практикуваат пред секс

Многу од жените имаат свои рутини кои ги практикуваат пред одредени настани.

rutini-za-ubavina-koi-zenite-gi-praktikivaat-pred-seks-1.jpg

Сексот, секако, не е исклучок од ова правило.

Ова се одговорите на жените запрашани за тоа кои се нивните рутини пред секс благодарени на кои се чувствуваат убаво и секси.

1. „Правам детална ексфолијација на интимните делови во случај да се појавиле некои поткожни влакна, а исто така и за кожата да ми биде мека во случај на орален секс.“

2. „Со сопругот имаме секс повеќе од осум години, но сè уште се грижиме да изгледаме убаво еден за друг. Секогаш пред и после сексот мора да отидам во тоалет и додека сум таму ја средувам шминката. Не сум сигурна дали мојот сопруг го забележува тоа, но тоа е нешто кое прави да се чувствувам поубава и посекси и сигурна сум дека го забележува тоа.“

3. „Сакам да имам маскара кога имам секс. Знам дека звучи чудно, но со оглед на фактот дека постојат многу шанси за контакт со очите ми изгледа како нешто навистина корисно. Секако, таа мора да е водоотпорна, бидејќи нели потта може да ја уништи.“

4. „На оваа возраст мојот ритуал за разубавување пред секс се состои од осигурување дека немам храна на лицето. Исто така, зачадените очи се одлична шминка, бидејќи и да се размачкаат не изгледаат страшно, ниту навечер, ниту наутро кога ќе се разбудите.“

5. „Пијам многу вода пред да се случи тоа. Нема ништо полошо од тоа кога се обидувате да пружите орален секс со сува уста.“

6. „Ако знам дека ќе имам секс, се осигурувам дека сум ги издепилирала сите влакна за да не се случи некое од нив да се најде во неговата уста.“

7. „Пред секс, сакам да застанам неколку секунди пред огледалото во бањата и да ја префрлам неколкупати косата од едната на другата страна. Тоа ѝ дава волумен, и прави моите образи да се зацрвенат.“

8. „Мислам дека е забавно да имам на себе усогласена долна облека. Секако, таа нема да остане долго на мене, но тоа прави да се чувствувам секси.“

9. „Нема ништо лошо во нанесувањето малку парфем на вашиот задник. Никогаш не знаете каде ќе ве одведе ноќта...“

10. „Секогаш се туширам, бидејќи тоа за мене е знак на учтивост. Исто така, ги бричам нозете да да не бидат рапави и да не боцкаат.“

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава