Не сакам врска која како да е излезена од холивудско сценарио

На светот постојат многумина кои сонуваат за холивудски сценарија и бајка без никакви гадурии кои знае да ги смисли животот. Копнеат и се борат да живеат, а всушност не можат да сфатат дека такво нешто не постои и нема да постои, а според мене и не треба да постои, бидејќи јас сакам да живеам во тие несовршености.

ne-sakam-sovrsena-vrska-01-0001.jpg

Зарем може да се замени мојата смеа од дното на стомакот кога ќе се мачиш да направиш ручек изненадување и ќе ти загори или кога ќе сакаш да ме пречекаш дома со чаша вино облечена во ноќница, а јас ќе се појавам ненајавено со колега од работа?

Постои ли посладок поглед од оној твојот кога налутено ќе се жалиш за мојата расфрлана облека наоколу, за чорапите кои мирисаат или валканите чевли со кои сум зацапал во калта покрај патот?

Зарем може да се заменат моментите кога ќе кажеме зборови кои не ги мислиме „Глуп“, „Kраво“, „Идиот“, „Будало моја“, „Простувко“, „Плавуша“, кои се комично искрени, а секогаш покажуваат колку всушност јас и ти сме поврзани во едно нераскинливо единство?

Постои ли чувство кое ќе те насмее како кога се договараме да ги имаме нашите „Fifty Shades Darker“ моменти и едниот ќе заспие мртов уморен од работниот ден, а другиот ќе се налути бидејќи холивудското сценарио пропаднало?

Зарем има нешто посекси од твојот прекорувачки показалец кога ќе направам хаос во кујната обидувајќи се да испржам две јајца, а изгледа како да подготвувам вечера за десетмина?

Јадат ли таму бурек со месо во три наутро и нутела кифла потоа, без да бидат отмени и да користат виљушки?  Макаат ли во чиниите со раце кога сосот е превкусен и се смеат со полни усти, во домашна атмосфера кога никој не ги гледа?

Се будат ли тие еден крај друг, ненашминкани, недотерани, со полу извадена маица под пижамата и подочници до колена, со нечешлани коси и полу замижани, желни за турско кафе како никогаш дотогаш?

Зарем има нешто послатко од тоа да се испцуеш сочно за ситници, а потоа да завршиш во помирувачка прегратка? Зарем може нашата љубовна приказна да постои без сите тие ситници кои ги нема во совршените бајки, а мене ми се толку слатки и драгоцени?

Постои ли подобра врска од таа на подеми и падови, каде сè е толку несовршено, а сепак ме тера да се насмевнам кога ќе помислам на заменката со која се крунисавме јас и ти, кога ќе речам ние. Постои ли поискрено чувство од тоа што ме обзема кога ќе зборувам за сите наши несовршености, велејќи дека токму тоа нè прави совршени?

Зошто да трагам по совршености, па ние и несовршени, сме најсовршени, колку и да звучи тоа оксиморонски и филозофски. Ти и јас и сите тие нехоливудски сценарија, се доволни за да мине животот, онака несовршено по сите можни правила, а сепак да биде најсовршената бајка која некогаш сум ја познавал.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава