Нема иднина за мене, ако во неа не си ти

„Ова го правам за тебе“ - ми рече. За твојата иднина. Не смеам да си дозволам да ти ја уништам.

nema-idnina-za-mene-ako-vo-nea-ne-si-ti-01.jpg

Ти имаш иднина пред себе, а во твојата иднина ме нема мене. Имаш милијарда убавини што те чекаат, но јас нема да бидам дел од нив, не повеќе. Направивме доволно спомени за цел живот, може и за три.

Ти си најубавото нешто што ми се случило. Да се откажам од тебе е како да се откажувам од најубавата дрога на светот, толку многу не сакам, ама знам дека морам. Разбери ме, те молам.

Ми го кажа ова и ме прегрна и бакна за последен пат. Се, сврти и замина и не те видов повеќе. Ме остави да се прашувам кај ли згрешив, ме остави да се прашувам: Мораше ли вака?

Ме остави со милион прашања во глава. Ме остави да мечтаам за тебе секој миг и да пробувам да заборавам. Заборавам, ги фрлам сеќавањата по пат...

Ама бадијала, ме пратат кај и да сум.

Заборавам, датумите се само број си велам... Ќе заборавам сè. Ќе заборавам како ме гледаше. Ќе заборавам сè што имавме. Ќе заборавам дека постоиш...

Ќе заборавам на нас...

Ќе заборавам, зoшто морам, зoшто не си за мене, погрешен избор си најмил ти. Пробувам, но не можам. Насекаде си... Како да си воздух, кај и да се свртам, си ти.

Пробувам да заспијам и кога конечно ќе успеам и во соништата те гледам. Заборавам и пак одново се сеќавам на сè.

Како расипана лента во глава ми се врти нашиот филм и никако не престанува. Болката никако не поминува. Колку време треба да заборавиш некој што ти дал толку многу за паметење? Постои ли толку време на светов? Постои ли магично стапче да ги избрише сите сеќавања? Постои ли волшебен пијалак, да го испијам и да заборавам дека постоиш?!

Постои ли некој кој може да те замени? Зар постои? Постои ли некој кој ќе ме гледа со повеќе љубов во очите? Постои ли некој кој на моето небо ќе му ги црта ѕвездите како што само ти знаеше?

Постои ли нечија насмевка што ќе ме остава без здив како твојата? Постојат ли раце кои ќе ме чуваат како твоите? Не оди, ако ти си заминеш ништо повеќе нема да има смисла, цело небо ѕвезди ќе ми изгаснат, сите бродови ќе ми потонат...

Срцево како пепел ќе се срони, ако не го држат твоите раце, како парче најскапоцен кристал. Те молам како дете што моли за најмилата играчка, не оди.

Нема иднина за мене, ако во неа не си ти.

Нема такви бои со кои ќе насликам убавини, ако четката не ја држиме заедно. Нема такви ноти, да ги напишам, да те опеам, заборавам и преболам.

Иднина без тебе, не е иднина.

Е. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава