Ако еднаш те изневери не значи дека ќе има и вторпат, но после вториот секако ќе има трет

Сигурно сте ја слушнале изреката: „Ако еднаш те изневери, не значи дека ќе има и вторпат, но ако те изневери вторпат секако ќе има трет“. Сакале да верувате или не, ново истражување ја покажува точноста на оваа изрека.

ako-ednas-te-izneveri-ne-znaci-deka-ke-ima-i-vtorpat-no-posle-vtoriot-sekako-ke-ima-tret-001.fw.png

Истражувањето се вика „мозокот се адаптира на неискреност“, и теоријата кажува дека кога некој лаже мозокот се адаптира на подготвеност за лажење, и секој нареден пат кога ќе излаже ќе чувствува многу помалку грижа на совест отколку претходниот пат.

Виновник за ова е еден мал дел од мозокот наречен амигдала. Тоа е регион во мозокот кој ви создава негативни чувства кога лажете, но колку почесто лажете толку повеќе интензитетот на тие чувства се намалува.

Така, кога некој ве изневерил еднаш или двапати, тоа значи дека чувството на вина и не постоело кај него, а секој следен пат кога ќе има можност да ве изневери, може да го направи истото токму поради тоа што интензитетот на негативните емоции поврзани со лажење, неискреност и изневерување му се сведени на минимум.

Идејата лежи во тоа што првиот пат кога ќе изневерите некого се чувствувате неверојанто лошо, но секој нареден пат кога ќе го направите тоа, тие чувства сè повеќе се намалуваат. Мозокот се адаптира да не се чувствувате лошо кога лажете и сте неискрени па така, на тој начин работите може да продолжат до недоглед.

Така малите слатки лаги кои секојдневно секој од нас ги кажува и не се чувствува лошо поради нив, можат кај некои луѓе да станам големи и важни. Токму поради тоа што мозокот се навикнува како подобро да се справува со чувството на вина.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава