7 места на кои мажите најчесто изневеруваат

На некои места и во одредени ситуации, мажите често ја користат можноста да направат прељуба.

7-mesta-na-koi-mazite-najcesto-izneveruvaat-001_copy.jpg

Иако, веројатно не постои некое посебно правило каде сè може да се направи тоа, истражувањата покажале дека постојат одредени места, кои кај мажите ја будат желбата за авантура и изневерување.

На таа листа се наоѓаат следниве места:

1. Ноќен клуб

Лудите ноќни излегувања често може да завршат со прељуба. Експертите велат дека алкохолот и недостатокот на светлина одат во прилог на можноста за изневерување.

2. Работно окружување

Резултатите од бројни истражувања покажуваат дека дури 40% од мажите, имаат љубовница од својата работна околина. Постојаната блискост и достапност се само дел од факторите поради кои тоа се случува.

3. Ергенска забава

Според статистиката, третина од младоженците се впуштаат во еднократна прељуба во текот на ергенската вечер. Тоа го доживуваат како последен поздрав со својата слобода.

4. Свадба

Анкетата на еден веб сајт за запознавање, покажала дека една третина од машките испитаници извршиле прељуба на туѓа свадба во отсуство на своите партнерки. Поголемиот дел кажале дека „ги понел моментот“ и дека жалат за тоа.

5. Теретана

Хормони, испотени тела, тесна и кратка облека... Теретаните се места каде мажите тешко можат да и одолеат на можноста да ја изневерат својата партнерка.

6. Социјални мрежи

Неверството не е дефинирано само преку сексуален однос, тоа може да биде и од емоционална природа, што на некои жени им паѓа многу потешко. Во последните години, сè позастапено е ваквото изневерување преку социјалните мрежи, кои сè почесто стануваат места каде мажите бараат нова љубов.   

7. Станот на најдобриот пријател

Мажите секогаш се штитат едни со други, па не е ни чудно што тоа го прават и кога станува збор за аферите. Тоа не треба да значи дека тој ја одобрува прељубата, но едноставно „замижува“ со едното око за да му помогне на пријателот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава