Ако ги правите овие 5 работи, тогаш вие сте проблемот во врската

Се прашувате зошто вашата љубов имала неславен крај? Можеби виновникот сте токму вие, а не сте ни свесни за тоа.

ako-gi-pravite-ovie-5-raboti-togash-vie-ste-problemot-vo-vrskata-7_copy.jpg

По распадот на љубовната врска, често се прашуваме што е причината. Кој е виновникот? Кога, како и зошто отидоа нештата во погрешен правец?  

Понекогаш, одговорот ни се чини како вистинска мистерија, која никогаш не успеваме докрај да ја разрешиме. Но, тој може да се крие и во нас, а да не сме ни свесни за тоа.

Доколку сте доволно самосвесни, добро преиспитајте ги своите постапки, затоа што можно е вие самите да сте главниот виновник.

Ова се 5-те работи кои ги правите погрешно, осудувајќи на врската на пропаст:  

1. Го запоставувате партнерот поради работата

Успехот во кариерата е важен за секоја индивидуа, но постои точка по која доаѓаме до „опаѓачки приноси“. Дополнителното време потрошено на работните обврски, на штета на партнерот, нема да ви обезбеди среќа во љубовта, а емотивните турбуленции сигурно нема добро да се одразат на вашите перформанси во канцеларијата. Впрочем, деловниот успех и не значи многу, доколку немате со кого да го споделите. Работата ви е на прво место? Среќно!

ako-gi-pravite-ovie-5-raboti-togash-vie-ste-problemot-vo-vrskata-2.jpg

2. Поинтимни сте со телефонот, отколку со партнерот

Ако веќе првата точка од листата ни покажува дека е навистина тешко да постигнете добар баланс помеѓу слободното време (кое и го немаме премногу) и работата, тогаш зошто би го користеле тоа време за одговарање на пораките на неважни луѓе, залудување со социјалните мрежи и читање површни текстови, покрај жива особа која ве сака и почитува во истата просторија. Се разбира, не треба ни да спомнуваме дека телефонот нема што да бара на масата за јадење. Опсесијата со мобилните телефони нема да ви помогне во врската.

ako-gi-pravite-ovie-5-raboti-togash-vie-ste-problemot-vo-vrskata-3.jpg

3. Кажувате лоши работи за него пред другите

Сите сме биле во ситуација да гледаме парови кои меѓусебно се расправаат во друштво на други луѓе. Фасцинантен е и феноменот за жените кои отворено говорат против своите партнери, изнесувајќи негативни работи за нив, или, пак, кои премногу агресивно се шегуваат на нивна сметка, додека тие само молчат и трпат. Се лажете ако мислите дека таквото однесување ќе помине без последици по вашата врска. Јавното понижување на блиските личности, поради издигнување на сопственото его, претставува мошне лоша тактика, во најмала рака.

ako-gi-pravite-ovie-5-raboti-togash-vie-ste-problemot-vo-vrskata-4_copy.jpg

4. Го земате здраво за готово

Како жените, така и мажите сакаат комплименти, но од различен тип. Ако на жените им годат убавите зборови на сметка на надворешниот изглед и личните квалитети, мажите сакаат кога им покажувате благодарност за нештата кои ги направиле за вас. Тоа може да бидат и мали работи, како што се отворањето врата или водењето во ресторан и кино, но и некои многу поголеми жртвувања. Најлошото нешто кое може да го направите е да се опуштите, па неговиот труд да го третирате како најнормална работа, која не е потребно дополнително да се охрабрува.

ako-gi-pravite-ovie-5-raboti-togash-vie-ste-problemot-vo-vrskata-5.jpg

5. Импулсивно реагирате на мали проблеми

Па, што ако не ви одговорил на пораката во најкус можен рок? Зарем тоа е причина да се нафрлите на него, како да се работи за некое суштинско прашање? Таквата реакција на ситниците, всушност, ќе му покаже на мажот што може да го очекува во иднина, доколку остане со вас. Затоа, немојте да се изненадите доколку дојде до заладување во врската, или, пак, дури и одлучи да побара среќа во љубовта на друго место.  

ako-gi-pravite-ovie-5-raboti-togash-vie-ste-problemot-vo-vrskata-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg