Не ти недостасува бившиот, ти недостасува чувството на љубов

Мислиш дека тој ти недостасува? Мислиш дека ти недостасува начинот на кој те држеше за рака во летните месеци, начинот на кој се смееше? Или како ти го извикуваше името?

ne-ti-nedostasuva-bivsiot-ti-nedostasuva-cuvstvoto-na-ljubov-1.jpg

Вистината е следнава – тебе ти недостасува љубов.

Не ти недостасува неговата рака. Ти недостасува рака која ќе те прифати. Не ти недостасува начинот на кој те тешеше кога беше ранлива, ти недостасува човек покрај тебе. Ти недостасува љубов која никогаш нема да те напушти.

Ти недостасува доверба.

Ти недостасува некој на кој ќе му ги кажеш сите тајни и желби, а тој ќе ужива додека те слуша. Ти недостасува некој на кој ќе можеш да се потпреш. А, не некој кој побегна кога не се ни надеваше на крај.

Само не ја мешај таа твоја осаменост и таа дупка во срцето со недостасување на него.

Веќе не го познаваш. Можеби никогаш ни не си го познавала. Ти веќе не ја знаеш таа личност. Веќе не знаеш која му е омилената кошула. Не знаеш што пие, каква музика сака, и сигурно не сакаш да знаеш на кого му се насмевнува кога работниот ден ќе заврши.

Веќе не го познаваш мажот кој си го сакала.

Што значи, не може да ти недостасува некој кој за тебе е странец. Не може да ти недостасува некој обичен познаник. Дух од минатото. Спомен.

Оваа празнина која ја чувствуваш не е заради тоа што тој е отсутен. Тоа е само отсуство на љубов. Чувство на нечија близина. Всушност, тебе ти недостасува некој кој ќе го сакаш.

Твојот поранешен е сега далеку од тоа. Луѓето се менуваат од минута во минута, од ден на ден. Бидејќи секој ден носи нешто ново. И затоа прифати дека имаш само потреба да бидеш потребна некому.

Имаш потреба да бидеш обожавана.

И во тоа нема ништо лошо. Нема ништо лошо во желбата за љубов. Само не ја мешај со желбата за љубов од минатото.

Ти недостасува љубов. Не тој. Ти веќе не ни знаеш кој е и каде е, но добро знаеш што е љубов.

Тоа е чувство кое ќе трае засекогаш. А, тоа сигурно не е мажот кој те напушти пред неколку месеци.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава