Како дечкото се менува преку ноќ? Лесно, отсекогаш бил таков

„Тој се смени целосно, преку ноќ. Не можам да го препознаам“.

Kako-deckoto-se-menuva-prekunokj-lesno-otsekogas-bil-takov-01.jpg

Веројатно многупати сте ја слушнале оваа изјава или пак и самите сте ја кажале некогаш. Чувството да си со некого кого не можеш да го препознаеш а промената да се случила ненадејно и брзо е поразително.

Но, еве ја вистината: Тој не може да се смени преку ноќ, туку конечно си го покажал вистинското лице. И доколку сте внимателни и умни нема да дозволите да паднете во следниве стапици:

Знае добро да се преправа

Шармантен, слаткоречив и многу вљубен во тебе. Што се случи? Едноставно е, успешно се преправал и го криел својот лош карактер за да си ја изгубиш главата по него. Но, на преправањето и лагите брзо им доаѓа крајот.

Луѓето не се менуваат лесно

Навистина е потребно многу да смените некого од корен. Секоја девојка мисли дека е онаа која е посебна и може да изврши влијание врз момчето и дека тој ќе се промени на подобро. Но, она во што може да бидете сигурни дека карактерните промени не се случуваат туку-така, прекуноќ. Тој си бил отсекогаш таков, конечно ја фрлил маската.

Знаци на патот кои ги игнориравте

Постојат ситуации кога секогаш ги оддаваат ваквите „праправачи“ и лажговци. Но, или се премногу суптилни, бидејќи имате мајстори во преправање, или едноставно не сте ги забележале бидејќи како може да не се вљубиш во некој толку совршен?

Можеби јас сум виновна!

Во состојба на целосна безнадежности си правите рекапитулација на настаните, си го „враќате филмот“ и размислувате – каде тргна погрешно? За да не се соочите со реалноста, дека всушност сте биле со некој што се преправал и ве лажел за оној што е, вие преземате дел или целосна вина. Мислите дека нешто не е во ред со вас, што е сосема погрешно.

Мајстор-манипулатор

Вие бевте на седмо небо мислејќи дека конечно го пронајдовте совршениот маж или дечко. Прво, не постои ништо совршено, и во тоа е целата убавина на постоењето. Второ, секому му ласка внимание, комплименти и подароци. Тој беше целосно неодолив, сладок, љубезен... и вие паднавте на овие „финти“.

На лагата ѝ се кратки нозете

Лагите не може да траат вечно. Кај некого периодот на преправање трае пократко, кај некои подолго, но секогаш се покажува вистинското лице. Соочени со вистината дека некој толку долго ве лажел и манипулирал и дека во основа е прилично злобен, крут и љубоморен, имајте достоинство и заминете со крената глава.

Одличен начин за раскинување

Една од најреалните причини зошто мажите се менуваат прекуноќ е- затоа што сака да ве откачи, т.е. да ви раскине. Тогаш престануваат да се преправаат дека се добри слатки момчиња и јасно покажуваат дека ги иритирате на некој начин или сте им досадни. Но, ова повторно не е промена настаната прекуноќ. Само им здосадило веќе да глумат.

Сакаат да ви раскинат или вие да го сторите тоа, сеедно. Сакаат крај.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава