Развод - што понатаму?
По завршувањето на еден брак пред нас следи едно непријатно и често многу болно патување низ нашите животи. Најдобар совет што може да ви...
...го даде било кој е да за момент застанете и да се запрашате себеси:
Што е тоа што одсекогаш сте сакале да го направите, да го видите, да бидете?
Ова е вашата шанса да го зграпчите вашиот нов и подобар живот...

- Секогаш бидете отворени за промени. Отворете го вашиот ум за нови работи и нови можности. Започнете со промена на начинот на кој размисувате. Не дозволувајте им повеќе на негативните мисли да преовладуваат. Мислете позитивно и секоја ваша реченица нека започнува со : Јас заслужувам...
- Поставете си граници. Во ред е да кажете НЕ на оние работи кои несакате да ги правите. Веќе не сте обврзани на никому освен на вас и вашите потреби. Ако не ви се допаѓа некој кој е постојано околу вас или едноставно ви одзема преголем дел од вашата енергија, слободно оттгнете го од вас. Ќе се изненадите колку е тоа подобро за вас.
- Ослободете се од минатото. Иако е полесно да се каже отколку да се направи, но откога ќе го сторите тоа вие ќе можете вистински да го прифатите вашиот нов живот. Во некои моемти ќе се запрашате дали тој минат живот навистина постоел. Да, постоел, бил убав, но тој е минато а сега започнувате со ново поглавје од истиот. Затоа, ценете ја сегашноста и така ќе дозволите да ви се случат убавите работи.
- Верувајте и на вашата интуиција. Сите луѓе имаат вродено чуство за интуиција, но кога животот станува удобен тие престануваат да ја слушаат. Интуицијате е чуство, одраз на нашите внатрешни желби. Ако имате чуство дека нешто не е во ред или во вашиот живот не постои баланс, најверојатно е така. Верувајте во себе!
- Побарајте помош. Не сте сами на ова патување, затоа, верувајте дека сте во оваа непријатна ситуација за да ја пронајдете повторно вашата храброст, да соберете енергија, да пораснете и да станете подобро човечко суштество. Разговор со пријател кој поминал низ истиот пат или психијатар не е никогаш лоша одлука.
- Предизвикувајте се себеси. Во колку по предизвикувачка ситуација се ставате себеси, дотолку повеќе оставете простор за развој на својата личност и свеста за вашата личност. Размислувајте и дејствувајте надвор од сигурната кутија во која се наоѓате во моментот и животот ќе ви ги донесе неограничените можности пред вас. Почуствувајте го стравот во вас и направете го токму тоа што ве плаши!
- Започнете повторно да живеете. Време е за вас. Правете сè што ве прави среќни и ве смее. Само со позитивни личности околу вас и позитивни мисли ќе го завршите ова патување и со насмевка на лицето ќе се потсетите еден ден...
Би можело да ве интересира:
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же...
„Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“
„Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“
„Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше...
Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар...
„Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
