Лаги кои му ги кажувам на сопругот за да го зачувам бракот

Искреноста претставува приоритет во секоја љубовна врска, но тоа не нè спречува секојдневно да кажуваме по некоја ситна лага.

lagi-koi-mu-gi-kazuvam-na-soprugot-za-da-go-zacuvam-brakot-001.jpg

Искреноста понекогаш знае да биде и груба. Блогерката Луси Кларк искрено и отворено зборува за лагите кои жените им ги кажуваат на своите мажи, за да ја зачуваат хармонијата во бракот.

1. „Сексот беше фантастичен“

Не уживам во сексот со него како некогаш, но него го усреќува помислата дека сè уште е „секс машина“, и го оставам да верува во тоа. За брачната хармонија вреди да се изговорат неколку ситни лаги за неговата сексуална моќ.

2. „Не си се здебелил“

Мојот сопруг верува дека и денес изгледа како на денот кога се запознавме. Двајцата се здебеливме со текот на времето. Го сакам таков каков што е и воопшто не ми пречат неговите вишок килограми. За жал не е мотивиран за слабеење, но секогаш бара потврда од мене дека не е предебел.

3. „Сè уште си ми секси“

Можеби веќе не ги чувствувам пеперутките во стомакот кога ќе ме погледне, но сепак сè уште сум силно заљубена во него, и сакам секој момент од животот да го поминам со него. Сè уште му велам дека тој за мене е божји дар, затоа што би било грубо да ги разбијам неговите илузии.

4. „Ми се допаѓа твојот подарок“

Не можам да се сетам на ниту еден подарок од мојот сопруг кој не бил разочарувачки. Неверојатно е што и после толку години брак, тој не го познава мојот вкус. Од друга страна, важна е намерата. Без оглед колку е подарокот лош, тој вложил труд во неговото осмислување, па така подарокот добива значајност.

5. „Не ми пречи што излегуваш со пријателите“

Секако дека ми пречи. Мојот живот би бил полесен доколку останеш дома и ми помогнеш околу децата. Сепак, излегувањата се можност малку да се опушти, а тоа долгорочно добро влијае на бракот.

6. „Не, тоа не е нова облека. Стара е.“

„Овие парчиња облека ги имам одамна, но никогаш не сум ги носела“. Ова е лага на секоја жена која е зависна од шопинг. На крајот на месецот, секогаш сме малку во минус, но мене навистина ми требаше тој фустан за на работа...

7. „Ја сакам храната која ти ја готвиш“

Не, не ја сакам. Има одвратен вкус. Мојата храна е многу повкусна, но кога ти готвиш значи дека јас не треба да готвам, и тоа навистина го ценам. Сè што може да ми заштеди време, добива плус од мене.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Како да му признаете на партнерот дека сте го излажале, без (премногу) да ги повредите неговите чувс... Важно е да се извините искрено, а ако станува збор за голема лага, немојте да го...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg