Заштита при орален секс

zastita-pri-oralen-seks-povekjeПаровите се уште веруваат дека заразата од ХИВ или други полово преносливи болести е резултат на незаштитен полов однос, а поголем дел од нив...

 

...забораваат дека можат да се заразат и преку орален секс.

Вирусот ХИВ се пренесува преку крвта, семената течност и вагиналната течност.

zastita-pri-oralen-seks

Дури и ако не ја проголтате спермата постои можност да дојде во контакт со ранички кои ги имате во устата, а истото важи и за вагиналната течност.

Дури и ако мажот не ејакулира во устата на својата партнерка, од пенисот излегува дел семена течност која може да биде фатална ако тој е заразен со некоја полово пренослива болест.

Ако за време на орален секс мажот ејакулира на лицето на својата партнерка постои голема веројатност за зараза ако семената течност влезе во окото и дојде во контакт со слузницата.

Треба да се биде внимателен кога се во прашање херпесот (генитален или класичен) затоа што се пренесува само со допир, што значи дека не мора да дојде до крвта за да се заразите.

Ако не ја познавате личност со која сте се нашле во орален секс, или сте во посета на проститутка, задолжително користете презерватив.

Вашиот пенис така ќе биде потполно заштитен. Истото важи и за жените кои се плашат од ејакулирање во устата.

Помалку практична е заштитата за вагина затоа што преку неа треба да се стави поливинил хлорид. Тоа ја скратува влажноста и вистинското задоволство од оралното уживање, но ќе ве заштити од можните заразни болести.

Иако овие идеи за заштита при орален секс не ви се чинат атрактивни, нема причина да не уживате во сексот. Користете презервативи со вкус на овошје или чоколадо, а вагината премачкајте ја со желе или чоколадо.

Ако во текот на сексот партнерката ја надразнувате и со уста и со раце, внимавајте да не ги ставате рацете во уста.

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg