Жени кои ги рушат стереотипите: Како го запросив момчето?

Традицијата е јасна веќе со години наназад: мажот клекнува на колено, вади прстен и прашува: „Ќе се омажиш ли за мене?“

zheni-koi-gi-rushat-stereotipite-kako-go-zaprosiv-momcheto-01.jpg

Секојдневно сме преплавени со приказни и видеа од романтични запросувања и пофалби за момчињата кои одбрале оригинален начин да ја побараат својата девојка за жена.

Но, зошто мора сé да биде според правилата?

Постојат и девојки кои без проблем организирале успешно запросување на своето момче и заслужуваат пофалба што ги рушат стереотипите на воведените општествени норми.

Прочитајте неколку приказни кои ги споделија девојките што се решиле на ваков чекор.

Моето момче со кое живеев четири години е срамежлив, затворен тип.  Едно попладне, ме фати во незгоден момент и си помислив да го искористам тоа и да го побарам за маж. Рече: „Да да, океј“. Во брак сме веќе 19 години. Кога го прашав што си помислил во тој момент, ми одговори: „Никогаш не вели НЕ на гола девојка. Никогаш“.

Сакав да смислам интересен начин да го побарам момчето за маж. Им се јавив на неговите колеги од работа и ги замолив да му ѕвонат и да му кажат дека на неговото биро имало пожар. Веднаш отиде да провери и додека ги составуваше деловите од документите, најде прстен на кој беше изгравирано „Ќе се ожениш ли за мене?“. Во тој момент се појавивме јас и колегите и секако дека кажа „ДА“.

Моето момче се врати дома од работа од смена што траеше 12 часа. Имав направено вечера со свеќи и кутија со картички, со честитки од целото семејство. Му го дадов прстенот од „Господарот на прстените“. Беше воодушевен од сето тоа.

Бевме на патување на планина. Додека стоевме покрај една река, извадив од торбата книга со фотографии од најдрагите наши спомени. Му кажав дека има и една скриена порака. На секоја страница имаше по една буква. Сите страници заедно правеа една реченица: „Ќе се ожениш ли за мене?“. Маж ми беше пресреќен и без размислување кажа „ДА“.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава