Што треба да знаете пред да се заљубите во разведен маж?

Пред да се впуштите во врска со разведен маж, добро би било да дознаете нешто повеќе за неговиот живот, како и за претходниот брак.

shto-treba-da-znaete-pred-da-se-zaljubite-vo-razveden-mazh-01.jpg

Ова се работите што мора да ги знаете уште на почетокот, за да не се изненадите подоцна:

Кога се развел?

Во врската со разведен маж не смеете да брзате. Дознајте колку време поминало откако се развел. Ова ќе ви даде увид во тоа што правел по разводот и дали имал врски во тој период. Исто така, ќе ви помогне да сфатите дали сте му само обична авантура или е подготвен за нешто повеќе.

Зошто се развел?

Важно е да ги знаете причините за неуспешниот брак на  мажот со кој сакате да бидете во врска. Можеби изгледа како мирен и љубезен тип, но никогаш не се водете според тоа како се однесува на почетокот од врската. Дознајте зошто се развел, дали се согласувате со тие причини, чија вина била поголема и слично.

Дали е емотивно стабилен?

Важно е да знаете дали партнерот е спремен за емотивна врска или сé уште не е сигурен и е нестабилен. Забележете како се однесува кон вас, како реагира на вашите прашања, на она што му го зборувате. Не ви треба некој што е емотивно незрел и сé уште не ја преболел поранешната жена.

Во какви односи е со поранешната сопруга?

Ако планирате врска на долг рок, односот со неговата поранешна сопруга и тоа како може да влијае на неговиот однос кон вас. Дали се разделиле пријателски, дали сé уште се во контакт, или пак, не сакаат ни да се видат, ни да се слушнат? Одговорите на овие прашања се исклучително важни за вас.

shto-treba-da-znaete-pred-da-se-zaljubite-vo-razveden-mazh-02.jpg

Дали е подготвен да продолжи?

Многу е веројатно разведениот маж да сака само да се забавува после разводот, па би требало ова да го забележите уште на старт. Ако навистина ви се допаѓа, бидете внимателни и видете како стојат работите за да не биде после предоцна.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава