Мажите со годините ги менуваат критериумите: Што бараат од жените во 20-тите, а што во 30-тите?

Жените со возраста ги менуваат своите ставови, цели, но и идеали кога станува збор за совршениот маж.

mazhite-so-godinite-gi-menuvaat-i-kriteriumite-shto-baraat-od-zhenite-vo-20-tite-a-shto-vo-30-tite-01.jpg

А, мажите не се ништо поразлично од нив по ова прашање.

Иако можеби малку подоцна од жените, сепак и тие ги менуваат своите идеали на подобро, како што стануваат повозрасни.

Погледнете што сакаат мажите во различни децении од животот:

Во 20-тите

Во овие години од животот тие преферираат квантитет, а со квалитетот не се оптеретуаат премногу. Приоритет им се површни работи како сексот без обврски и изгледот, а многу често изгледаат и како да немаат поим што навистина сакаат – бидејќи навистина не знаат.

Во 30-тите

Уште за време на доцните 20-ти почнуваат да сфаќаат дека квалитетот е многу поважен, а во 30-тите полека, но сигурно се префрлаат на тој начин на размислување. Тоа се години во кои сфаќаат дека е многу поважно да имаат некој покрај себе со кој ќе ого делат животот, а поттик за тоа гледаат во блиските кои веќе почнуваат да создаваат семејства.

Во 40-тите

Ако во овие години тие се сингл, тоа значи дека или имаат голем проблем со жените, или се веќе разведени. Ретко кој маж со кој сѐ е во ред ќе остане сам толку долго време. ова се години во кои тие бараат жена со која ќе го поминуваат времето, која ќе биде самостојна, односно независна карактерно, но и финансиски.

Во 50-тите

Истражувањата покажуваат дека мажите во 50-тите години трагаат по романса, стабилност и финансиска сигурност. Во овие години им е помалку важна кариерата која жената ја одбрала и дали е таа семеен тип на човек или не. Бараат друштво од личност со која добро ќе се согласуваат и со која ќе ги делат интересите.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава