Во бракот не е сè мед и млеко: Реални совети од разведени парови

Разведените луѓе имаат многу научени лекции за бракот, па нивните совети се сметаат за реални и вистинити.

vo-brakot-ne-e-se-med-i-mleko-realni-soveti-od-razvedeni-parovi-001.jpg

Тие поминале низ многу фази – возбудата пред да стапат во брак, сите предности и недостатоци на заедничкиот живот и моментите кога љубовната идила почнува да се руши.

Многу парови имаат розова слика за она што ги очекува откако ќе стапат во брак и мислат дека совршениот живот ќе трае вечно. Но, бракот е нешто на кое треба да се работи секојдневно за да успее.

Еве што споделија неколку разведени парови за бракот:

Вашата љубов мора да има цврсти и длабоки корени. Физичката привлечност трае кратко.

Ќе имате многу моменти кога ќе се нервирате, но ако има љубов ќе има и трпение за да се пребродат сите вакви моменти.

Тревата не е секогаш подобра кај некој друг. Можеби изгледа побујна, но не знаете каков квалитет е почвата на која е насадена.

vo-brakot-ne-e-se-med-i-mleko-realni-soveti-od-razvedeni-parovi-03.jpg

Не е само прстенот, венчаницата, свадбата. Морате да мислите како би било да остарите со оваа личност, да останете заедно и покрај болести и трагедии.

Подобро е да ја „оладите“ главата сами, отколку да паднат тешки зборови што не ги мислите.

Бракот не е секогаш полн со возбуда сам по себе. Важно е да се радувате на мали, секојдневни работи.

vo-brakot-ne-e-se-med-i-mleko-realni-soveti-od-razvedeni-parovi-04.jpg

Сите сме недовршени ремек-дела и треба да го прифатиме другиот како таков, а не постојано да се обидуваме да го промениме.

Интимноста е она по што вашата врска се разликува од останатите врски. Секогаш бидете ѝ посветени.

За добар брак потребни се двајца кои сè уште учат за животот и признаваат дека не знаат сè.

vo-brakot-ne-e-se-med-i-mleko-realni-soveti-od-razvedeni-parovi-02.jpg

Бракот понекогаш значи да се наведнете и да му ги врзете врвките на обувките на партнерот кога тие сами нема да можат.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...

Најчитани неделава