Колку често имаат секс луѓето на ваша возраст?

Не постои точна бројка колку често луѓето треба да имаат секс, но според некои статистики, возраста влијае на овој износ.

vozrasta-odreduva-kolku-chesto-treba-da-imate-seks-01.jpg

Најновото истражување кое го спроведе Универзитетот Кинси тврди дека возраста игра клучна улога во тоа колку често паровите имаат секс.

Според истражувањето, најмногу секс имаат луѓето на возраст од 18 до 29 години, и тоа 112 пати годишно, или двапати неделно.

Луѓето во следната возрасна група, од 30 до 39 години имаат секс 86 пати годишно, а оние помеѓу 40 и 49 години – 69 пати годишно.

Од ова може да се заклучи дека како што луѓето стареат, се намалува сексуалната активност и практикувањето секс. Со стареењето, почесто се јавуваат здравствени проблеми кои влијаат на сексуалната желба.

Сепак, резултатите од друго истражување покажаа дека жените се чувствуваат најсамоуверени и најсекси околу 36-тата година, што значи дека тие повеќе уживаат во сексот по 30-тата година отколу претходно.

Погледнете што имаат да кажат луѓе на различна возраст, од 13 до 90 години, за нивниот сексуален живот:

Се разбира дека истражувањата не важат за сите, па вие самите треба да си одлучите колку често сакате да имате секс и да не размислувате премногу за возраста и статистичките податоци.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава