Ми кажа дека е бремена: Mажи откриваат во кој момент сфатиле дека треба да ја запросат девојката

Веројатно едно од најчесто поставуваните прашања на мажите – „Како да знам кога да ја запросам?“

mazhi-go-opishuvaat-momentot-koga-sfatile-deka-treba-da-ja-zaprosat-nivnata-devojka-01.jpg

Не постои правило за ова, секој на различен начин го чувствува и едноставно знае дека треба да биде до крајот на животот со таа девојка.

Секој сам треба да го види тоа во неговата девојка и да одлучи, а најчесто тоа се случува одеднаш - доаѓа момент кога нешто им „светнува“ во главата и сфаќаат дека таа е вистинската.

Еве неколку приказни од мажи кои го опишуваат моментот кога сфатиле дека треба да ја запросат девојката:

Едноставно, животот беше лесен со неа...

„Не веруваме во брак, но уште пред да остане бремена со нашиот син, уште пред да ѝ биде дијагностицирано дегенеративно заболување, беше јасно дека таа ми е најдобар пријател и партнер кој некогаш сум го имал. Не се работеше за работите кои ги имаме во врската, кои всушност беа прекрасни, туку поентата беше во тоа што ни недостасуваше – а, тоа беше стресот. Тешко се опишува разликата со зборови. Секако, имаше тешки моменти, но не се споредуваа со она што во другите врски сум го имал.“

Ја погледнав и едноставно, знаев

Седев до неа на каучот кај нејзините родители и гледав телевизија. Одеднаш погледнав во неа, а таа седеше среќна и исполнета галејќи се со нејзината мачка и едноставно знаев... Знаев дека ја сакам.

Ми кажа дека е бремена

„Знам како звучи ова, но непосредно пред тоа, размислував дали сакам да го поминам цел живот со неа, а потоа таа ми кажа дека е бремена. Тоа го сфатив како знак од Универзумот или што и да е. И, можете да помислите што сакате, но ние и по 15 години уште траеме и никогаш не се покајав.“

Се грижеше за мене кога бев болен

„Се разболев многу, навистина многу, а таа воопшто не ни размисли двапати и прифати да се грижи за мене колку и да треба. Не требаше ни да ја прашам, таа сама си ја зема позицијата на 24/7 негувателка, куќна помошничка, кувар и личен асистент и се грижеше за мене без да знае колку време тоа ќе трае. Ја побарав за жена на паркингот пред ординацијата на мојот доктор, 10 минути откако ми кажа дека сум целосно здрав.“

Едноставно знаев

„Знам дека ова звучи како клише, но понекогаш едноставно го знаеш и го чувствуваш тоа. Нашата врска беше поразлична од сите други во кои сум бил и беше многу полесна и посреќна. Ќе беше лудост да помислев дека постои нешто подобро некаде.“

Ја запросив после секс

„Ја побарав за жена веднаш по завршувањето на сексот и беше многу спонтано, а како што можете да замислите, воопшто не беше гламурозно. Додека водевме љубов, ја погледнав и помислив – Можам да го правам ова со неа до крајот на животот, и понесен од мислите ми се испушти и ја побарав за жена.“

Баба ми ми кажа колку среќно изгледам

„Всушност, за да сфатам, очигледно беше потребно луѓето околу мене да ми посочат дека таа е вистинската. Знаев дека ја сакам и дека нема да се разделиме, но не размислував многу на фактот да бидеме заедно засекогаш, сѐ додека баба ми не ми посочи колку среќно изгледам и колку ми е лесен животот со неа. Со денови размислував за тоа и потоа ги прашав и моите пријатели дали и тие го мислат истото, а нивниот одговор беше дека би бил идиот ако не го сфаќам тоа сам. Кратко потоа, ја запросив.“

Можевме да седиме и да не правиме ништо, без да ни претставува проблем

„Излеговме само 3 пати и по неколку дена мајка ѝ рече – Гледам дека тој е вистинскиот, кога е свадбата? Во тој период знаев дека сакам да се оженам со неа бидејќи можевме да седиме со часови и да не правиме ништо, дури и да не проговориме ништо и тоа воопшто да не ни пречи. Бев подготвен да правам секакви глупости кои ги мразам само за да бидам со неа.“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg