Бракот и парите: 5-те главни финансиски заповеди за брачните парови

Покрај љубовта, вниманието и сличните интереси и навики, согласувањето околу финансиите е многу важен дел од брачниот живот.

brakot-i-parite-5-te-glavni-finansiski-zapovedi-za-brachni-parovi-01.jpg

Според адвокатите и брачните советници, голем дел од проблемите во бракот се предизвикани поради финансиите. Поради тоа, важно е брачните партнери да посветат внимание на финансиите и да имаат искрена комуникација на оваа тема.

Следниве 5 финансиски заповеди ќе ви ги олеснат проблемите во бракот, па потрудете се да ги запаметите и примените:

Одржувајте „финансиски“ состанок барем еднаш месечно

Не звучи многу романтично, но „финансиските“ состаноци се многу потребни. Седнете со партнерот и разговарајте за трошоците кои ги имате или ви претстојат. Проверете ја состојбата на сметките и видете на што треба да поработите.

Утврдете на што трошите најмногу и на што можете да заштедите. Заеднички договорете ги сите детали околу тоа.

Престанете да се лажете еден со друг

Познато е дека и мажите и жените кријат каде ги потрошиле парите. Ако вашата врска е искрена и сакате да биде успешна и долго да трае, престанете со оваа лоша навика.

Бидете искрени и отворени и не кријте дека сте купиле нова чанта или сте ги потрошиле последните пари во ресторан. Лажењето во однос на финансиите може да доведе до долгови што ќе предизвика дополнителни проблеми.

Не се кријте зад традиционалните улоги

Кога сте живееле со родителите, обично таткото се грижел за тоа како и каде одат парите, па сега мислите дека нема потреба да ја имате таа одговорност? Или пак, ако сте машко, сметате дека вие треба да водите грижа за финансиите?

Не се кријте зад традиционалните поделби на „машки“ и „женски“ работи и преземете заедничка одговорност на тој план. Денес, сите треба да бидат доволно финансиски писмени за да можат вешто да управуваат со заработените пари.

brakot-i-parite-5-te-glavni-finansiski-zapovedi-za-brachni-parovi-02.jpg

Ако сте невешти во однос на финансиите, информирајте се и научете

Кредитни картички, дебитни картички, кредити, дозволен лимит и што уште не. Ако самите поими поврзани со финансиите ви предизвикуваат главоболка, не го одложувајте справувањето со нив.

Наместо тоа, подобро би било да седнете и да се информирате за сè што не ви е јасно. Во денешно време, секој треба да знае да управува со сопствените пари, а во бракот тоа е уште поважно.

Ценете ги повеќе искуствата, отколку материјалните работи

Секако дека финансиите се многу важен аспект во бракот, но не се најважни. Ако најчестите кавги ви се поврзани со парите и трошоците, размислете дали е сè во ред со вашиот брак.

Видете кои навики можете да ги промените во има на слогата и разбирањето. Љубовта е сепак најважна, а искуствата кои не се поврзани со материјални нешта се непроценливи и не се купуваат со пари.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава