Најголемиот женски квалитет кој го почитуваат сите вистински мажи

Сте се запрашале ли некогаш што најмногу им значи на мажите кај една жена? Секако, не е дел од надворешниот изглед. Вистинските мажи не ги интересираат силиконските гради, наполнетите усни или висината на вашите потпетици.

Najgolemiot-zenski-kvalitet-koj-go-pocituvaat-site-vistinski-mazi-01.jpg

Всушност, најголемиот женски квалитет кој го почитуваат апсолутно сите сигурни мажи е – независноста кај една жена.

Доколку сте независни на начин кој го поткрепувате со докази и аргументи, ова се работите што им се допаѓаат на мажите во врска со вашата независност:

Никогаш не сте очајни

Ниту за другарки, ниту за момче. Не го преплавувате својот Фејсбук и Инстаграм со суптилни (и не толку суптилни) пораки и фотки, за целиот свет да разбере дека сте во потрага по ново момче, дека сте осамени или штотуку сте плачеле.

Не се обидувате да импресионирате никого, освен себеси. И тоа е прилично возбудливо и секси.

Не откривате премногу за себе

Секако, доколку сте во долга врска нормално е да бидете искрени и емоционално отворени кон партнерот, па дури и да споделите неколку тајни. Но, постои разлика помеѓу споделување тајни поради чувство на интимност и споделување тајни само за да „врзете“ некого покрај себе. А независните жени не се од вториот тип.

Вие сте дефиниција за самодоверба

Иако понекогаш и самите не сте свесни за тоа. Самодовербата е добра особина кога не е претерана, ниту лажна. Мажите обожаваат самоуверени жени, оние кои ќе изедат уште едно парче пица без да се потресуваат за калории, или жените што умеат добро да се носат со себе без ниту еден грам шминка.

Подеднакво обрнувате внимание на семејството и пријателите

Само затоа што имате ново момче, тоа не значи дека семејството и пријателите треба да ги избришете од постоење. Независната девојка силно верува во слободно време само за неа, време за другарките, време за семејството. И да, не секогаш во овие активности мора да биде вклучен и нејзиниот дечко.

Имате успешна кариера

Нема ништо страшно во тоа да не работите со оглед на условите во кои живееме. Или пак можеби така сте одбрале самите. Во секој случај, не постои вистински маж кој не ја цени жената која работи напорно и самата постигнува успеси.

Жената која може сама да си плати работи, сама да си купи сè што ќе посака и да отпатува секаде каде што ќе ѝ падне на умот, е личност за восхит. И мажите го признаваат тоа.

Не ви треба 24/7 нега или забава од некого

Особено не од момче. Независната девојка не очекува мажот да направи да ѝ биде интересно. Таа самата ќе изнајде начин како да си го пополни слободното или досадното време.

Покрај вас мажот се чувствува посакуван, не само потребен

Едно е да имате очајна потреба за маж, само затоа што сметате дека ќе ви ги среди најголем дел од проблемите во животот. Независната жена посакува момче и љубов, но не ѝ се потребни по секоја цена. Во превод, би била посреќна сама, отколку со неквалитетен партнер. И таа го знае тоа.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава