Ставете го некогаш пред вас: Љубовни совети за фрустрирани парови

Комуникацијата ви е на ниско ниво, а вие тонете во фрустрации? Време е за промени!

stavete-go-nekogash-pred-vas-ljubovni-soveti-za-frustrirani-parovi-01povekje.jpg

Да се ветите некому до крајот на животот навистина не е лесна работа. Вие ќе бидете во друштво еден на друг до крајот на животот и ќе треба да си давате меѓусебна поддршка.

stavete-go-nekogash-pred-vas-ljubovni-soveti-za-frustrirani-parovi-02.jpeg

Но, многу често паровите се жалат на борба за доминација во врската. Едниот како да сака да наметне контрола на работите, а другиот завршува фрустриран од ситуацијата.

За да не ви се случи ова, потребно е да следите неколку едноставни чекори:

stavete-go-nekogash-pred-vas-ljubovni-soveti-za-frustrirani-parovi-03.jpeg

Колку и да ве нервира дивиот темперамент на вашиот партнер, обидете се да го разберете дека сигурно не е лут без причина. Што ја предизвикува искрата помеѓу вас? Идентификувањето на проблемите е клучот на решението.

Дали постојано споменувате одредена личност во разговорите, која тој не ја поднесува, дали користите сарказам во обраќањето кон него? Идентификувајте што од вашето однесување го разбеснува и намалете со тоа.

stavete-go-nekogash-pred-vas-ljubovni-soveti-za-frustrirani-parovi-04.jpeg

Како реагира кога ќе се сопнете пред толпа? Дали му е слатко што сте невнимателни или ве исмејува пред сите? Ако не ги почитува вашите емоции, тогаш лесно можете да бидете фрустрирани.

Во врска партнерите треба да се заштитнички поставени еден кон друг. Вашата болка, анксиозност, финансиски проблеми се работи за кои треба отворено да можете да разговарате со партнерот.

stavete-go-nekogash-pred-vas-ljubovni-soveti-za-frustrirani-parovi-05.jpeg

Знаеме дека ви звучи клише, но понекогаш проблемот може навистина да не е до другиот, туку да лежи во вас. Го сакате со целото срце и се трудите за врската, сигурно се прашувате како е ова можно.

Работата е што со вашите реакции на одредени настани или кажани зборови може да го повредувате вашиот партнер веќе долго време. Дали поради работата го запоставувате домот и важните датуми, дали често не му кревате на телефон и никогаш не го изненадувате со работите што ги сака? Размислете добро!

stavete-go-nekogash-pred-vas-ljubovni-soveti-za-frustrirani-parovi-06.jpeg

Да се има свој вкус, да се штитат своите интереси и избори е одлично, но да не се прифаќа апсолутно ништо од предлозите на партнерот е штетно за врската.

Мора да започнете да го слушате и да му покажете дека го сакате така што ќе му го отстапите телевизорот за да го гледа своето омилено шоу по работа.

stavete-go-nekogash-pred-vas-ljubovni-soveti-za-frustrirani-parovi-07.jpeg

Секој има свој начин на правење на работите. Често тој начин го проценуваме како најдобриот за нас. Но, кога сте во долга врска или брак од време навреме потребно е да му дадете на партнерот да направи некои работи на негов начин, особено во мигови кога чувствувате дека тоа му е неопходно.

Запомнете дека вие сте првата личност на која се обраќа кога има некој проблем, па затоа послужете му во таква ситуација, дури и за тоа да треба да излезете од вашата комфорна зона.

stavete-go-nekogash-pred-vas-ljubovni-soveti-za-frustrirani-parovi-08.jpeg

Кога сте долго време со некого знаете кои се работите што ги сака и работите што не ги сака, но дали знаете кои се неговите најдлабоки ставови?

Понекогаш тој може да биде премногу исплашен воопшто да ги каже на глас. Охрабрете го да ги сподели со вас, но и вие самите направете чекор во доближување на комуникацијата така што ќе се отворите комплетно пред него. Земете длабоко воздух и кажете му сè!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg