Taјната на среќните двојки: 4 грешки кои никогаш не ги прават во врската

Среќата во врската ретко доаѓа сама од себе. На неа е потребно многу да се работи, а паровите што знаат дека самите треба да ја изградат, не би си ги дозволиле грешките со кои лесно ќе ја срушат.

 tajnata-na-srekjnite-dvojki-4-greshki-koi-nikogash-ne-gi-pravat-vo-vrskata-1.jpg

Четирите грешки кои среќните двојки никогаш не ги прават во врската се:

1. Не се жалат за проблемите пред целиот свет.

Има ли нешто полошо од парови кои жолчно се расправаат пред други луѓе, или, пак, секому и секаде ги доверуваат своите тајни? Притоа, јавно ги изнесуваат деталите кои би требало да oстанат приватни. Вашите проблеми се само ваши. Доколку ги делите со целиот свет, неизбежно ќе се оддалечите еден од друг.

 tajnata-na-srekjnite-dvojki-4-greshki-koi-nikogash-ne-gi-pravat-vo-vrskata-2.jpg

2. Не се споредуваат со останатите вљубени двојки.

Секоја врска е посебна и поинаква љубовна приказна. При споредување на вашата со онаа на другите парови, може навидум да ви се причини дека таа не е никогаш доволно добра. Однадвор, сите делуваат посреќни одошто навистина се. А, споредбите единствено ќе ве направат љубоморни и завидливи, поради нешто кое можеби е само илузија.

 tajnata-na-srekjnite-dvojki-4-greshki-koi-nikogash-ne-gi-pravat-vo-vrskata-3.jpg

3. Не ги обвинуваат другите за проблемите во врската.

Секогаш може да ја префрлите вината за сопствените грешки врз туѓите плеќи. Сепак, вистински среќните парови не ја бараат вината, туку решението на проблемите.

 tajnata-na-srekjnite-dvojki-4-greshki-koi-nikogash-ne-gi-pravat-vo-vrskata-4.jpg

4. Не земаат сѐ здраво за готово.

Среќните парови се свесни дека е невозможно постојано да им тече мед и млеко во врската. Идеалното не постои. Поради тоа, не се ни сфаќаат премногу сериозно. Не ги игнорираат проблемите, ама не прават ни драми кога ќе наидат на нив.

 tajnata-na-srekjnite-dvojki-4-greshki-koi-nikogash-ne-gi-pravat-vo-vrskata-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава