Пријателскиот однос со поранешниот партнер може да биде знак на психопатија

Дали се чудите како пар по сите споделени емоции и сексуална страст може да биде во пријателски односи или тоа ви е сосема нормална појава?

prijatelskiot-odnos-so-poraneshniot-partner-moze-da-bide-znak-za-psihopatija-01.jpg

Ако вашата втора половина сака да стави крај на врската со „се надевам ќе останеме пријатели“, кажете му дека вие не се надевате на тоа.

Според едно ново истражување објавено во магазинот Personality and Individual Differences, останувањето во пријателски односи со поранешниот партнер не е знак на зрелост, како што многумина мислат, туку можен знак за нешто многу помрачно.

Истражувањето посочува дека ова однесување може да биде знак дури и за психопатија. Истражувачите тестирале 861 индивидуа преку прашања за нивната моментална врска, како и за тоа дали се пријатели со поранешните партнери, а потоа им бил даден прашалник кој ги испитувал нивните психопатски и нарцисоидни карактеристики.

Според резултатите кај тие кои имаат помрачна личност, со карактеристики слични на оние на психопатите, шансата да останат пријатели со поранешните била поголема.

Наводно, психопатите ги сакаат своите поранешни блиску до себе за да имаат можност да ги искористат за секс, пари или информации. Тие применуваат лажен шарм и стратегиски ја продолжуваат поврзаноста со поранешните за да имаат придобивки.

Психопатија, вид антисоцијалното растројство на личноста, е психолошки термин кој често се користи за личности со особини како нарцизам, садизам, себичност, недостаток на емпатија и површен шарм.

Сепак, истражувачите предупредуваат дека ова по автоматизам не значи дека сите поранешни партнери што останале во пријателски односи се психопати. Некогаш тоа може да се случи и од нормални и алтруистички причини.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 карактеристики кои успешните мажи ги бараат кај жената на нивниот живот Само жена со свои интереси и амбиции може да го поттикне интересот на силен и пр...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
7 фрази што ќе ги слушнете само од маж кој не ве почитува Ако партнерот или кој било маж ве наведи или деградира, а потоа рече дека само с...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg