Најчестата причина поради која толку многу жени не доживуваат оргазам + 9 други

Најчестата причина поради која жените не доживуваат оргазам е што не се ментално присутни за време на чинот. Нивниот ум во тој миг е на работа, кај децата, финансиите итн.

najchestata-prichina-poradi-koja-tolku-mnogu-zeni-ne-dozivuvaat-orgazam-plus-9-drugi-01.jpg

Доживувањето на оргазам е најдобриот дел од сексот. Токму тоа е тоа што нè тера да се враќаме одново по повеќе акција.

Ако не постоеја оргазми луѓето немаше да бидат толку заинтересирани за секс. Но, вистина е дека мажите и жените доаѓаат до врвот поинаку.

За жал, сè повеќе жени се жалат дека не можат да стигнат до оргазам и ова се најчестите причини за тоа:

1. Тие сè уште учат за себеси и тоа што им одговара за време на сексот. Треба многу трпение, практика и тренирање на вашето тело како редовно да доживува оргазми.

2. Тие не веруваат дека може да доживеат оргазам. Оргазмот е повеќе ментална отколку физичка работа, па затоа потребна е ментална релаксација и посочување на партнерот што сакате, а што не во креветот.

3. Тие не сметаат дека имаат потреба од оргазам. По напорен работен ден или кавги со децата многу жените сметаат дека немаат потреба од секс, а со тоа и од оргазам, се разбира.

4. Тие не обрнуваат внимание на предиграта. За разлика од мажите, на жените им треба стимулација од различен вид заедно за да го достигнат врвот. Со малку повеќе напор и сè е возможно.

5. Тие немаат доволно клиторисна стимулација. Покрај пенетрацијата потребна е и клиторисна стимулација за достигнување на врвот. Рацете се од голема помош.

6. Тие брзаат. За жените потребно е од 15 минути, па до 1 час за да постигнат оргазам и тоа варира во зависност од тоа како се чувствуваат во моментот. Брзањето не помага.

7. Тие не се доволно интимни со партнерот. На жените им е потребно многу повеќе од само физичка врска. Тие треба да се чувствуваат емоционално и интелектуално поврзани со партнерот. Колку поголема конекција, толку поголема шанса за оргазам.

8. Тие не се фокусирани на чинот. Жените може да се изгубат за време на сексот, да изгубат интерес, да им стане здодевно и да отпатуваат со умот на друго место. Без комплетно ментално присуство во самиот чин оргазмот нема да се случи. Ова можеби е најчестата причина поради која жените немаат оргазам.

9. Тие не се самоуверени за своето тело. Ако се чувствувате самоуверено за своето тело, вашата изведба е подобра и имате поголема шанса за оргазам. Но, ако сте несигурни и срамежливи, тогаш нема да го извадите максимумот од чинот.

10. Тие за загрижени за своите оргазми. Колку повеќе размислуваат за тоа зошто немаат оргазми, толку се подалеку од нив. Менталниот притисок резултира со лоша изведба во спалната соба. Само одете со текот без да се грижите премногу за тоа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава