Што му кажав на сопругот кога ме остави за друга - искрена исповед на една жена

Што би му кажале на вашиот сопруг ако ви открие дека се вљубил во друга и заминува? Една жена искрено и од срце ги открива зборовите што му ги упатила во таа ситуација.

iskrena-ispoved-na-edna-sopruga-shto-mu-kazav-na-soprugot-koga-me-ostavi-za-druga-01.jpg

„Ми рече: „Ми се случи љубов“

Знаев дека тоа е крај, во мене се сруши сè. Свесна бев дека не му се случила љубов преку ноќ и во овој миг. Знаев дека долго се рушеа работите меѓу нас.

Тргнав кон него, се врати чекор назад, како да се плаши дека ќе го удрам, се насмеав... Му ја земав раката и му кажав: „Ајде да седнеме, имам само едно прашање за тебе“.

Седеше со кнедла во грлото. Го прашав: „Дали ја сакаш како мене некогаш?“

Ја спушти главата и рече дека ја сака, можеби дури и повеќе.

„Не, не ја сакаш и никогаш веќе нема да можеш да сакаш како што ме сакаше мене. Мене ме сакаше со слободно срце и ум. Мене ме сакаше без обврски и стрес. Кукавички е да кажеш дека љубовта се „случила“, затоа што љубов едноставно не се „случува“. Тоа се часови седење со некој, милиони изговорени зборови, илјада мали допири, стотици пати водење љубов. Не се „случила“. Таа ти е избрана, како што ти ми беше избран мене, како што јас некогаш ти бев тебе од толпа други жени. Не ја сакаш повеќе од што ме сакаше мене затоа што јас ти бев твој слободен избор, а таа ти е бегство...

Бегство од мене затоа што сум уморна и мора да ти признаам дека навистина сум уморна, секој ден... од работата, домашните обврски, децата. Ти признавам дека те запоставив затоа што немам многу време за да се дотерам за тебе или да ти го приготвам омиленото јадење. Ти признавам некогаш не си се допаѓам ниту самата на себе.

Не ја сакаш повеќе од мене затоа што кај мене дојде од светот на младоста, тишината и релаксираниот живот, а кај неа избега од непроспиените ноќи поради плачот на децата, од главоболките поради неплатените сметки, од кавгите поради ратата за станбениот кредит. Кај мене дојде за заедно да создадеме немир, а кај неа заврши бегајќи од истиот тој немир, кој го создаде со мене.

Затоа немој да ме лажеш дека љубов едноставно ти се случила, немој да ги газиш годините кои ги минавме заедно. Не ти се лутам, не, јас едноставно чувствував дека е крај веќе подолго време. Само ми беше многу тешко да си го признаам тоа. Некаде длабоко во себе чувствував дека јас сум виновна за тоа, но за тоа се потребни двајца. Само сакам да знаеш дека јас сето ова би го сторила одново... И нашата љубов и нашите немири. Беше навистина убаво и ги паметам само убавите мигови.

Знаеш, веќе не се плашам. Мојот страв да не те изгубам исчезна во мигот кога сфатив дека те имам изгубено веќе подолго време. Знаеш некогаш ако и мене ми се „случи“ љубов, тоа никогаш нема да биде со интензитет со каков те сакав тебе. Тоа никогаш нема да биде како ова сега, затоа што никогаш веќе нема да можам да дадам толку многу од себе и никогаш веќе ниту еден маж нема да ми биде поважен од мене.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава