10 хумористични ветувања за љубов до крајот на животот


10 хумористични ветувања за љубов до крајот на животот

Ветувате дека до крајот на животот нема да му/ѝ помогнете да си ги пронајде клучевите затоа што слатко ви е да го/ја гледате како се мачи и потоа да кажете - „ништо не можеш без мене“...

10-humoristichni-vetuvanja-za-ljubov-do-krajot-na-zivotot-01.jpg

Бракот е ветување за до крајот на животот. Партнерите даваат збор дека ќе бидат заедно во добро и во зло.

Но, овој пат нема да се концентрираме на романтичната страна, туку на оние шеговити ситуации кои ни претстојат во текот на заедничкиот живот.

Некои луѓе токму нив му ги дадоа на својот партнер како ветување за до крајот на животот.

Ветувам дека до крајот на животот...

„Нема да давам идеја во кој ресторан да излеземе, а кога ќе одбереш ти ќе кажам дека не ми се допаѓа.“

„Ќе те сакам и ценам иако никогаш не можеш да ги пронајдеш клучевите.“

„Ќе ја слушам таа една иста приказна за колегата, која ми ја раскажуваш по 100-ти пат, и ќе се смеам.“

„Кога ќе одам на шопинг половина од купените работи ќе ги сокријам за да не ме боли главата кога ќе се жалиш дека не внимавам на буџетот.“

„Ќе те сакам дури и кога ќе бидеш вистинско чудовиште затоа што хормоните ти удриле во глава.“

„Ќе те оставам да си ги бараш изгубените работи со часови и потоа ќе ти ги пронајдам за 30 секунди.“

„Ќе чувам многу шишиња вино во домот, особено кога ќе имаме деца.“

„Ќе се жалам како оставаш неред во тоалетот.“

„Ќе ти наоѓам мани повеќе од кој било друг.“

„Ќе те тешам дека брзо ќе оздравиш, иако знам дека си хипоходрик и не ти е ништо.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Како ми стои?“, „Ништо не ми е“ - Работи што мажите ги мразат кај жен... Кога зборуваме за животот на младите брачни парови, има многу работи во кои тие ...
За што најчесто девојките ги лажат дечковците? Малите лаги ни го олеснуваат секојдневието, а секој што вели дека во врската е п...
30 правила благодарение на кои ќе имате фантастичен секс после 30-тата Сите мислат дека до 30-тата знаат апсолутно сè што може да се знае на тема секс ...