Зошто мажите се скржави за романтика? Јас на неа ѝ дадов сè!

Ја замотав крпата околу половината, целиот намокрен застанав пред огледалото со фенот во рацете за да ја наместам косата. На креветот стоеше моето црно струкирано одело, белата кошула која сам ја испеглав и црна, тенка вратоврска. Се надевав дека се ќе стои така добро како што замислив.

taa rece ne se sekavam nekoj da napraivl nesto romanticno za mene 01

Пред да се облечам, потрчав во кујната, имаше уште еден час до твоето доаѓање. Сè беше наместено. Готвена домашна храна, знаев дека сакаш да пробаш нешто од светот, а јас знаеш дека обожувам мексиканска храна - совршен спој.

На масата, која патем беше во тркалезна форма, поставив црвен свилен чаршаф и него го избирав внимателно. Сè беше избрано така да запира здивот. Знаев колку не знаеш за романтика, а јас знаев и повеќе од доволно. Сакав да немаш зборови и овој ден иако обичен, да ти биде денот кога ќе се променат твоите граници за она што значи внимание.

Голем свеќник на средина на масата, три црвени свеќи, спремни да ја осветлат просторијата. Црвени сијалички на ѕидот, спремни да трепкаат во ритамот на нашите срца. Приборот беше во бела боја, знаеш колку сакам светли бои, се беше поставено како да сум вработил професионалец. Ако земеме во предвид колку време поминав на програмите за студенти надвор од Македонија, тогаш можеме да кажеме дека јас бев еден, оној кој знае како треба кога доаѓа до освојување преку романтична вечера.

На часовникот покажуваше петнаесет минути до девет. Ти рече ќе бидам точно таму во девет. Застанав пред огледалото и за последен пат ја наместив косата, имаше неколку влакна кои штрчеа и ме нервираа, но никако не можев да ги наместам. Си помислив никој не е совршен.

Тогаш заѕвони ти. На себе носеше црн фустан со голем шлиц од кој наѕираше твојата долга слаба нога, едноставен фустан, кој ја нагласуваше твојата елеганција. Извиткана коса, минимална шминка, прекрасни очи. Голем ѓердан на градите. За момент мене ми застана здивот. Си помислив, боже колку само таа е совршена.

Ме запраша: „ Ќе преживеам ли од храната вечерва?” Се насмевна испраќајќи провоцирачки сигнали. Знаеше колку мразам да ме потценат, а исто толку знаеше колку ме бидува во кујната. Сепак одбираше да ги тренираш моите нерви. Те упатив во дневната, го тргнав столот за да седнеш и забележав дека очите ти сјаат. Не можев да сфатам дали тоа е возбуда или силната девојка конечно покажа слабост. Со мил глас изговори: „Досега не се сеќавам некој да направил нешто романтично за мене”.

Јас наточив од белото вино, свеќите ти го осветлуваа ликот, а црвеното светло правеше твојата кршливост од моето внимание да дојде до израз. „Никогаш не е доцна за промени. Едноставно не си налетала на вистинските луѓе. Знаеш за да дојдат до тебе, треба да ги пуштиш во својот живот. Ќе можеш ли?” Се насмевнав јас провоцирачки, гледајќи те право во очи.

Ги видов твоите бели заби во ноќта, твојата насмевка ми ја огреа душата. Чаша за чаша, збор за збор. Празните чинии беа доказ за тоа колку време поминав во кујната, за да слушнам пофалби, наместо критики. Не се грижеше за минималната шминка, консумираше како да ќе нема утре.

 Веќе не се сеќавав која чаша беше тоа по ред, не беше ни важно. Се смеевме, немаше никаква незгодна тишина. Јас и ти, сами во ноќта.

Стана од столот, со твоите средени нокти помина по свилениот чаршаф, ме погали на главата, седна во мојот скут и тивко прошепоти на моето уво, „Ајде да бидеме палави”.

Кошулата која толку долго ја пеглав се најде истуткана на подот, твојот фустан некаде расфрлан по ќошевите на спалната соба. Целата таа романтика испреплетена со смеата, малата трапавост, огромната доза на бакнежи нè потсетуваше зошто е убав животот. Како за момент да заборавивме на светот и сите тие црни мисли. Како за момент да се изгубивме во балонот од тој прекрасен момент кој го создадовме.

Ја постави твојата глава на моето голо тело. Задишана и испотена од нашата валкана игра. Не зборуваше, само сакаше со раката да ти ја галам косата. Несигурна во себеси, а сум ти кажал сто пати дека не треба никогаш да се сомневаш во себеси, ме рече: „ Вети ми дека вака ќе биде дури и кога ќе бидам стара и збрчкана. Дури и кога нема да можам да лудувам, сакам секогаш да биде вака. Вети ми дека ова нема никогаш да престане.”

Ме гледаше во очи, додека месечината светлина паѓаше во собата, а јас во главата имав само еден збор.

„Ветувам!”

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg