Исповеди на 7 жени: Зошто обожавам да имам секс?

Некои ја сакаат самодовербата со која се полнат притоа, други чувството на комплетна релаксација, а трети пак моќта.

ispovedi-na-6-zeni-zoshto-obozavam-da-imam-seks-01.jpg

Постојано се зборува за тоа колку мажите го обожаваат сексот, но ситуацијата е иста и со жените.

Тие обожаваат да доживуваат оргазми и да се релаксираат на овој начин.

Исповеди на 7 жени зошто обожаваат да имаат секс:

„Најдобрата работа за сексот кога си вљубен е онаа убава романтична страна. А, ако не си вљубен тогаш слатка е возбудата дека правиш нешто забрането. Сето тоа е психолошко – не е физичко. И да, старото добро познато дека мозокот е најголемиот сексуален орган е вистина.“

„Одличниот секс за мене не мора да е поврзан со тоа тој да има совршено тело или голем полов орган, туку за тоа како прави да се чувствувам при интимната средба. Сакам да доживувам оргазми, но најважно е за тоа што ми прави во мозокот. Сексот комплетно ме релаксира.“

„Го обожавам сексот поради тоа како прави да се чувствувам потоа. Не се заморувам со ништо и дури и луѓето ми велат дека блескам.“

„Сексот прави да заборавам на сите проблеми од мојот живот. Тој ми е најдобар начин за да се тргнам од сè. Некои јадат кога се тажни, јас имам секс.“

„Лошо ли е да кажам дека го сакам сексот затоа што е добар за моето его? Мажите ми велат дека имам одлично тело и уживам во вниманието. Се чувствувам како божица и како цел на нечија страст. Потоа сум посамоуверена и надвор од спалната соба.“

„Ми се допаѓа моќта при сексот. Јас одлучувам кога и што ќе се случи или што ќе му направам на мажот. Тогаш тој е целосно под моја контрола. Ако не верувате дека жените владеат со светот, обидете се во спалната соба.“

„Едноставно сакам да сум интимна со некого, да се милувам, да ме држи во раце. Толку е топло и пријатно да се биде со некого во кревет. Да се чувствуваш сакано. Токму и тоа е она што ја одржува врската, зарем не?“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg