Според науката - 8 квалитети кои треба да ги има момчето со кое се гледате

Науката постојано ги менува своите ставови, а со последното истражувања предизвика прилично голема дебата околку тоа какви квалитети треба да поседува партнерот со кого се гледате.

8-kvaliteti-koi-treba-da-gi-ima-momceto-so-koe-se-gledate-01.jpg

На „хартија“ секако изгледа совршено, но дали во реалноста е можно еден маж да ги поседува сите овие квалитети и предиспозиции?

Во секој случај, добро е да поседува барем половина од нив, зарем не?

Прочитајте што треба да има едно момче за да ве освои и секако, да ве задржи:

Да биде паметен

Очигледно, ова не претставува изненадување. Никој не сака да се состанува со некој кој е прилично глупав.

Но, одредена студија спроведена во Финска открива дека со повисоката интелигенција доаѓа и поголема верност. Иако партнерот може да ве излудува со неговото знаење и високиот IQ, сепак веројатноста да ве изневери е значително помала.

Да има смисла за хумор

Партнерот треба да ве засмејува. Не мора да имате потполно иста смисла за хумор, но тој треба да ви развлече насмевка секогаш кога ќе биде потребно, бидејќи е прилично важно да имате некој кој умее добро да ве насмее.

Да ве поддржува во кариерата

Не треба да бидете со некој кој се чувствува загрозено поради вашиот успех. Бегајте подалеку од мажи кои ве убедуваат дека вашето место е дома покрај детето, шпоретот и ништо повеќе.

Мажот кој активно ќе ве поддржува во вашата кариера и напредок е оној вистинскиот.

Да се труди околу вашето семејство и пријателите

Според многубројни истражувања, жените прават многу повеќе напор да се зближат со пријателите и семејството на партнерот, за разлика од него. Тоа не е воопшто фер.

Ова треба да биде обостран предизвик. Не велиме дека партнерот мора по секоја цена да ги сака вашите пријатели и вашето семејство. Но, мора да пронајде време за нив и МОРА да ги почитува.

Да има високо ниво на емотивна интелигенција

Во превод – не ви е потребен робот. Потребен ви е некој кој умее добро да ги искаже и сфати, како своите, така и туѓите (односно вашите) емоции.

Ова е навистина особина која ретко може да се пронајде кај еден маж, но доволно е барем да се труди да комуницира поотворено и секако, да биде емпатичен.

Да го почитува вашето мислење

Само затоа што сте партнери, не мора да значи дека мора да се согласувате апсолутно околу сè во животот. Дозволено е да имате различни мислења, при што тој не смее да ги омаловажува, игнорира или да се потсмева со вашите ставови.

Да умее да ве (со)слуша

Не само да трепка и да клима со главата додека мислите му летаат кон резултатот од фудбалскиот натпревар. Потребен ви е партнер кој умее добро да ве сослуша и да ви даде практичен, добар совет.

Многу мажи го имаат тој недостаток на внимание и трпение кон жените. Воедно, не умеат или не сакаат да слушаат сигестии и совети од „една жена“. Навистина не ви е потребен ваков тип во животот кој нема слух и не умее да прифати насоки. 

Да ги дели истите вредности во животот

Ова е можеби најочигледниот квалитет што го бараме кај партнерот. За врската да биде успешна, потребно е да делите исти или приближно слични вредности во животот.

Започнувајќи од тоа како сакате да го поминувате слободното време и одморот, вашите работни навики, фактот дали сакате да основате семејство или не, вашиот став кон парите и материјалните добра, идејата како треба да изгледа дружбата со пријателите итн.

Секако, не може 100% да се поклопите во сите ставови, но потребно е да си „кликнете“ во најголем дел од битните животни прашања.

Колку од осумте квалитети ги препознавте кај сопствениот партнер?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава